ponedjeljak, 3. srpnja 2017.

СОНОТ КОЈ СПИЕ

СОНОТ КОЈ СПИЕ


Ја разбуди зората,
утринското сонце го озвучи денот.
Тутуно берачите ги наполнија
кошевите со тутун, и заминаа пред ноќта.
Сонот се крие, уште во звездената ноќ
која го раскажува сонот пред потокот,
кој брза, и ја следи кочијата на месечината
која доаѓа во денот, и ги буди заспаните полиња,
ја буди земјата,на која го посеа семето.
На трпезата го подели лебот,
кој уште длабоко и топло диши.
Ги отвори очите, пред црвените лалиња,
пред жолтите билки, кој ги милува ветрот.
Сакам уште, да те имам, не сакам да те губам,
Македонијо, со тебе се гордеам и те љубам.
Сонот застана пред денот,
а ноќта влезе во домот кој спие.


Соња Таировска Ѓурчак
17. 06. 2017 Улм




Nema komentara:

Objavi komentar