ДЕНОТ Е КАКО ПЕСНА
Зората
стигна
утрото се дегна
и денот го носи.
Ноќта црна,
светилките ги
гаси.
По ливадите,
зората росата ја
паси.
Денот погледот го
шири,
светлината почна
по денот да течи,
жубот, песна ечи.
И во денот радост
стигна,
децка песна се
вивна.
Денот е како
песна,
сака многу да
кажи,
со малку зборови
но многу важни.
Силен е денот,
убавината го
краси,
и во целиот свет
се гласи.
Денот е како
песна,
на гради лежи,
зборови збрани од
сите страни,
мисли чисти во
целиот свет исти.
Соња Таировска
Ѓурчак
29.06. Улм
Nema komentara:
Objavi komentar