srijeda, 22. lipnja 2016.

ВРЕМЕТО ОДМИНУВА



ВРЕМЕТО ОДМИНУВА

Времето одминува,
вдлабнува  брчки,
како надојдена река
правеќи нови бразди
по лицето на времето.
Во водата плива немир,
остава траги од времето
и ја раскажува вистината
на обоените бисери кој го
носат сјајот од вечноста.
Пливаат звездите во водата
на огледалото како некогаш.
Времето одминува,
низ рацветената ливада,
ги собира цветовите, и
ги реди по биоите на времето
по боите на животот.
И го запишува времето
во семето на љубовта,
како молитвата во новиот ден,
а времето одминува.

Соња Таировска Ѓурчак
22. 06. 2016 Бад Швалбах

Nema komentara:

Objavi komentar