subota, 11. lipnja 2016.

БРАНУВА ДЕНОТ



БРАНУВА  ДЕНОТ

Сонцето,милно го милува денот,
ги гали трепавиците, милуваќи
го и лицето на денот.
Сонцето и душата на денот,
ме поведоа во осамениот остров,
островот на денот,
исполнет со морските птици,
кои беа одамна будни, разиграни
низ тишината која се простираше
низ целиот остров.
Палма до палма,исполнет целиот остров,
а мирисот на цветовите се шири
како распослани бранови
кој ја пеат песната на денот, со
виолината кој тифко ја милува ветерот.
Застанав под сенките на палмите,
погледот бега далеку во морето.
а морската пена,распослана
како морска свила,
исплетена со морски бисери.
Тишината ме понесе во сонот на денот,
под сенките на палмите,
сонив птица,која лета ,како анѓел бела,
тоа е бурна фантазија цела.

Соња Таировска Ѓурчак
11. 06. 2016 Бад швалбах.

Nema komentara:

Objavi komentar