ВО СОНОТ И ЈАВЕТО
Тишината на
денот,
се распосла во
светлината,
а, тагата оди во
времето околу мене.
Ја кријам, под
сенките на воздухот,
во просторот
околу мене.
Молчам,зборовите
се засолнати
во аголот на чекањето
во сонот и јавето.
Времето е долго
во кое живеам сега,
а, секоја минута
болна.
Те нема, а знам
дека постоиш,
некаде долеку во
вечната вистина,
каде сите птици, пофторно
се враќаат
во домот на сонот
и јавето.
Те сонувам,а
сонот го крија,
меѓу цветовите на
вистината.
Се засолнувам под
гранките на пролета,
под цветовите на
црешата,
под мирисот на
денот,
се засолнувам под
утринската роса,
која се тркала по
лицето на јавето,
паѓа во перницата
на сонот,
ја гали болната
душа.
Патувам со
вистината во сонот и јавето,
го гледам и го сонувам сонот
кој остана не
досонуван.
Молчам и чекам,
во тишината на
денот
со празнината во
душата
која остана
закована,
помеѓу сонот и
јавето.
Соња Таировска
Ѓурчак
19. 06. 2016 Бад
Швалбах.
Nema komentara:
Objavi komentar