subota, 27. ožujka 2021.

УЛИЦАТА НА ЖИВОТОТ

 

УЛИЦАТА НА ЖИВОТОТ                                                   Книга бр 9


Гласот на радиото,

радио Софија, објавува

во утринската програма,

секојдневни содржини

точно во четири саатот изутрина.

Ме буди и гласот на петелот

кој ја најавува зората,

ме повикува улицата на животот.

Ја слушам програмата

гласот на радиото,

додека макјами го приготвува

утринското кафе

пред заминување на работа.

Програмата продолжува.

Денот е буден,

нашето куче Џими,

нема потреба на утринска шетња

живееш во слобода

каде го претрчуваше кој знае по кој пат дворот,

кој му беше по цел ден на располагање,

во дворецот на живата приказна.

Во годините нанижани

по улицата на животот

живеев во слобода како и кучето Џими,

сега стојам пред учебникот

по странски јазици,

гласот на радиото се двои

измеѓу познати и непознати,

објавени и необјавени содржини.

Се одминувам и останувам

странец во сопствената душа,

на истиот шалтер го продолжувам пасошот,

болката ја оставам кај домашниот лекар

кој живее на истата улица

во другиот влез на зградата.

За нова рецепта орденацијата на мојот лекар

е затворена,работно време Петок до 18 часот.

Со живиот збор

го преминувам граничниот премин

патуваќи по улицата на животот.

Се е поинаку

кога ја слушам утринската програма,

на радио Скопје.


Соња Таировска Ѓурчак

27.03. 2021 Улм



ponedjeljak, 15. ožujka 2021.

И ПАК ТИШИНА

 


И ПАК ТИШИНА                                                      во книгата бр.9.


Потоците молчат,

гората сокри се под лисјата

тишината не кажува нити еден збор

снеговите ја завееа.

Молчи през целиот ден

нити еден збор да кажи.

Измеѓу денот и школската клупа

устата остана отворена не прозбори,

сонот се ниша пред вечерата

и пак тишина ...


Соња Таировска Ѓурчак

15.03. 2021 Улм

nedjelja, 14. ožujka 2021.

КАКО ИЗГУБЕНА ПРАШИНКА

 

КАКО ИЗГУБЕНА ПРАШИНКА                    во книгата бр 9 


Проштевајте, сите мои

блиски и далечни роди,
проштевајте...
Небото и земјата
си даваат рака и се молат,
низ молитва бараат прочка.
Се што е измеѓу небото и земјата
се прегрнуваат и си проштеваат,...
Јас ја довикувам мајчината душа,
татковата душа, клиечам и молам ги
молал за прочка.
Како изгубена прашинка
измеѓу небото и земјата
се вртам и ве барам
до крај на денот ,
а денот ни е сега невидлива далечина.
Ја прегрнувам вашата далечина
и вашата богата родителска љубов
која остави овде и тука жив живот
кој живее и расти како цветна пролет.
Проштевајте,сите мои
блиски и далечни роди
проштевајте...


Соња Таировска Ѓурчак

13.03. 2021 Улм



srijeda, 3. ožujka 2021.

И ПАК ВО ОВОЈ ДЕН

 

И ПАК ВО ОВОЈ ДЕН                                                Велес книга бр,22  И во книгата бр. 9.


Ги собирам сите твој далечини,
ја прегрнувам твојата душа
која ми бега пред времето
које се крие зад аголот на денот.
Неможам да ги запрам сите олуи
немжам да ги соберам реките
ни брчките да ги избројам кај една жена
која остави трага од љубов
на вљубениот живот,за своите чеда.
Те довикувам,сакам да те видам
со твојата насмевка како секогаш
горда и среќна гледаќи во небото
испракаше молитва кон боговите
за мир и радост за нас сите,сите.
И ова утро ми е полно надеж
знам дека постоиш и ја чуствувам
твојата присутност,која не е ни
еден момент одвоена од прегратката моја.
Во дворот каде се шета твојата душа
се вика секогаш пролет.


Соња Таировска Ѓурчак

03.03. 2021 Улм



utorak, 2. ožujka 2021.

ДВЕ ПЕСНИ

 

 

ДВЕ ПЕСНИ                                     Велес книга бр,22 /  Конкурс на Блаже Конески.Скопје 

                                                                              и во книгата бр 9.

Две песни пишувам и праќам,

таму,каде зората памети,
каде ветровите застануваат
каде се собираат сите песни.
таму, во тоа живо поле на поезијата

Таму каде се препознаваат во себе

а времето патува и го бележи часот.
Татковината остана запишана
во учебникот по историја.

Заборавени тежат висаќите во плевната

а глувците грам по грам ги глодаат коските
испарува тежината на висаќите.

По полето се разлева суша

буквите најавуваат војна без договор.
Војна за татковината која веќе одамна ја...
песната и писмото потпишуваат нов договор.

И после оваа војна пак ќе се делат стиховите во стихови

лесно да се пишува, неможи веќе и не вели никој
каде и кога ќе ги закопаме умрените
за да им биди лесна земјата да не им тежи на душата.

Втората песна ја испратам

во утринското парче леб
како утринска молитва да се чита
пред началникот од твојот град
песната се чита и во студот на времето.
А во пролет цутат пак сите цветови,
утре денот продолжува без рок на траење.


Соња Таировска Ѓурчак

02.03. 2021 Улм


nedjelja, 21. veljače 2021.

Афориѕми МК

 💗💗💗


  1. 02. 2021. Колку е убав овој датум...

💗💗💗


Кога во народот се шири и раси стравот

се шири и расти сиромаштијата...

💗💗💗


Од малечка тополата почнува да раси...

💗💗💗


Во целиот свет на човечкиот род

му посакувам напредок и радост...

💗💗💗


Насмевката нека застани

пред колевката на

разиграното срце,

не одминуваја ја фотографијата...

 

💗💗💗


Мудрите имаат големо срце

кое чука за народот,

мудро и несебично доброто

го размножуваат и го делат

со сите народи...

💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак

21.04.2021 Улм


ponedjeljak, 15. veljače 2021.

СЛИКА

 

СЛИКА                                                             Во книга бр. 9


Остана, недоцртана сликата

пред боите кој се губат

во здивот на сенките.

Времето мини,

одалечено во далечината

на растурените бои.

Ги врзувам и ги редам боите,

со јажето кое е веќе обоено

со бојата на животот.

Дождовите ги мијат боите

кој разлеани остаана по сликата.

Замаглени гледаат очите

пред боите кој патуваат

по меридијаните

на еден изгубен рачен часовни.

Времето молчи

пред сликата на деството,

боја која течи по жилите

на земјата и чека

пред полето на тишината.

Сликата  остана недоцртана

да живее во вистините

на чудните светови и бои.


Соња Таировска Ѓурчак

15. 02. 2021 Улм