СЛИКА Во книга бр. 9
Остана, недоцртана сликата
пред боите кој се губат
во здивот на сенките.
Времето мини,
одалечено во далечината
на растурените бои.
Ги врзувам и ги редам боите,
со јажето кое е веќе обоено
со бојата на животот.
Дождовите ги мијат боите
кој разлеани остаана по сликата.
Замаглени гледаат очите
пред боите кој патуваат
по меридијаните
на еден изгубен рачен часовни.
Времето молчи
пред сликата на деството,
боја која течи по жилите
на земјата и чека
пред полето на тишината.
Сликата остана недоцртана
да живее во вистините
на чудните светови и бои.
Соња Таировска Ѓурчак
15. 02. 2021 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar