ponedjeljak, 28. siječnja 2019.

КОЛКУ ТАЈНИ КРИЕ ОВОЈ СВЕТ


КОЛКУ ТАЈНИ КРИЕ ОВОЈ СВЕТ

Знам, дека ова прашање веќе безбрај пати е поставено.
Секој во својот живот вистински се прашува „колку тајни крие овој свет„а секако „и зошто„ вистински одговор нема.
Зад затворена врата се преговара, зад затворена врата се прават договори усмени и писмени.Испод секоја тезга нешто друго се продава,секој има и чува тајна,се работи толку таинствано,купуваме, продаваме,препродаваме по установи,по архиви во политиката па дури и свемирот не чува во неизвесност и он многу тајни крие.
Па и утринските кафиња се разделуваат, ова нека остани тајна, цврсто убедени дека тоа останува се тајна.....
А ние со големо трпение чекаме на подобар ден утре.
Силни времиња поминаја,тајните не ги открија барем до овој момент додека ова го пишувам зато сакам ова да го објавам без некого да го навредам.
Се прашувам:
Дали зидовите имаат уши?
Дали времето во кое живееме можи да зборува?
Дали ќе ја почуствуваме слободата во овој свет?
Дали тајните можад да не доведат да изгубиме се.
Дали еден ден ќе бидат сите тајни откриени,во кое ке можиме бесусловно да живееме без никаква тајна со отворено срце и бесконечен мир.Сепак мислам дека сето ова зависи од нас сите,мислам вистински на сите,сите...........

Соња Таировска Ѓурчак
28. 01. 2019

subota, 12. siječnja 2019.

ЈА ИЗГУБИВ ТЕТРАТКАТА

ЈА ИЗГУБИВ ТЕТРАТКАТА                                             Во книга бр 9


Ја изгубив тетратката
вонеа ми беа сите спомени запишани,
сите датуми од минатото,
сите имиња и презимиња.
Се чуствувам тажно, 
болката ја делам со стеблото,
по лицето на огледалото потекоја солзи,
тркалото  се одвои во два дела.
Дали е време за плачење,
не незнам,
и ако душата ми плачи.
Можеби не требаше толку цврсто
да ги чувам само спомените во мојата
недоиспишана тетратка.?
Можеби бев само во заносот на минатото,
а сегашноста ја промашив,
не ја запишував
или не ја чуствував
како год да е, тетратката ја изгубив.
Живеев во едно време во кое мислев
сите птици една иста песна пеат,
јас ја запишувам и ја раскажувам вистината .
Но не било така ,во просторот летат
птици кој други песни пеат,
а нивните диригенти деригираат без ноти.
кој не ги разбрав вистински.
Ќе ве молам!
Ако некој некогаш ја пронајди
мојата тетратка ,нека не и го менува насловот,
таа е моја!
Еинствена тетратка која останува
лично и во векови само моја,
нека ги зачува спомените
а нека продолжи да ја запишува сегашноста,


Соња Таировска Ѓурчак
12. 01. 2019 Улм

petak, 4. siječnja 2019.

КНИГАТА СЕ ЗАТВОРИ

КНИГАТА СЕ ЗАТВОРИ                                         Книга бр: 9


Одекнува песната со молитвата,
солзите замрзнуваа во чашата
и во црвеното вино.
Се раздипли постелата,
се покрија очи.
И книгата се затвори,
останаа неколку скинати страници
кој ќе бидат потпалок на утринското ќумбе.
Свеќата гори и ангели пеат.
Улицата плачи,
а кочијата ги понесе тајните
од една животна приказна.
Замина како последен сведок на еден живот
празна остана пораката
а таа, замина во вкусот на земјата.


Соња Таировска Ѓурчак
04. 01. 2019 .Улм










četvrtak, 3. siječnja 2019.

DRAGA DADE


Драга ДАДЕ,
во времето и просторот
се е вечно,во таа недопирлива
материја,која поминува како стрија
и е струја е распослана насекаде и во се,
и во овој букет цвеќе се сливаат убавините
на вечноста и остануваат вечни,
а тоа е и сестринската љубов.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ДАДЕ
ти честитаат ПАЦЕ,СОЊА и МИКИ.



ПОЧИТУВАНИ бр 2 -4

Почитувани, драги прјатели со радост и во благодарност сакам сите да Ве поздрава и да Ви се заблагодарам на убавите топли честитки кој длабоко допреа и се разлеаа по брановите на моите години.Ви благодарам и го ценам вашето големо внимание кој ми го посветивте низ струите на оваа нова богата техника кој го поврза светот и ги испраќа сите убавини ширум светот.Ви благодарам и во благодарност Ве поздравувам.Имајте секогаш радост, мир и љубов во целиот свет.ПОЗДРАВ

Почитувани,
од името на клубот Кирил и Методија, под раковоство на Ангел Петровси,Стојан ................Славе...............членовите и сите присутни гостии и од мое лично име ги поздравувам нашите почитувани ценети гости од Агенцијата за иселеници од Македонија.
Директорот, Никола Шалваринов ,Билјана Костова ,Снежана Лазаревска Ѓорѓиевска и генералниот гонзул од Минхен Саше Аврамовски .ДОБРОДОЈДОВТЕ!
Овде и сега, се распостила радоста,топлината, светлината пренесена како бисер на топла дланка која ја испраќа нашата родина, нашата Татковина гнездо на младоста.Кога заминавме пред далечните години ја врзавме љубовта по корените на дабовите,а другиот крај го врзавме и го понесовме во топлината на нашите срца.Од првиот чекор до денес го миниме мостот кој го градевме со каменот наречен љубов,солзите беа сврзници на секој топол камен, и реката се доплнуваше со солзите наши.Болно е сеќавањетоно а истовремено голема гордост да бидиме пратеници од нашата Родина како чесени почитувани граѓани и да ја преставуваме нашата Татковина со нејзината убавина, богаство ткаено во библијата со кирилицата зборот песната и јазикот кој ги разбира сите други јазици во целиот светот. Од срце ви пожелуваме убав престој во Германија,и од сите нас понесете топли поздрави во гнездото на младоста и нашата мила Родина Те сакаме понесите радост и љубов за Македонија Ви благодарам.
Ѓоко Тримчев или Марјан Цонев ќе го престави постоено од нашиот клуб Кирил и Методија.

ponedjeljak, 31. prosinca 2018.

ПОЧИТУВАНИ бр 1,2,3.



ПОЧИТУВАНИ,
Се збогуваме и се заблагодаруваме на уште една година која заминува во магнетското поле во просторот и етеро кој ги запишува и чува сите вистини од овој наш живот кој е вистина, но сепак неоткриено богаство за нашето постоење овде и сега.Со голема благодарност да ја испратиме 2018 година низ која минувавме со многу радост,успех,среќа и уживавме во совршено здравје.Во широки прегратки да ја примиме новата 2019 година во која исто така си посакуваме да уживаме во секојдневно здравје, радост,стреќа успех и сите врати во посаканите желби да бидат ширум отворени.
Нашата радост секогаш да ја пее песната за МИР И ЉУБОВ за сите наши во Македонија и сите Македонци ширум светот и во целио свет да има МИР И ЉУБОВ
Сето ова Ви го посакувам на сите и оное кој оваа порака неимаат можност да ја прочитаат но мојата мисла нека биди жива струја и нека стигни до секоја душа .
СРЕЌНА НОВА 2019 година МИР И ЉУБОВ во целиот свет.
Соња Таировска Ѓурчак
31. 12. 2018 Улм

 
Почитувани,
како год ја пречекавме новата година,некој во големо весело распеано друштво,некој во помамло,или домашна атмосвера,многу и сами а полни со голема нада во новата година за исполнета радосна година .Закорачивме по патот на годината,запловивме по водите на годината,полетавме во просторот на годината,возот трга,авионот полета,полетаа сите бели гулаби за Мир и Љубов во оваа нова преубава година кој со гордос и радост ни стои на сите на располагање.Со радост и во радост да ја исплниме секоја минута и секоја желба вистина да ни биди и остварлива во оваа нова година.Да го почуствуваме пурсирањето на годината,да ја осетиме топлината на годината,да ја почуствуваме радоста на годината , со полна насмевка,да и бидиме благодарни и цела година да ни биди година на среќа и радост.
СРЕЌНА НОВА 2019 година МИР И ЉУБОВ во целиот свет.


Соња Таировска Ѓурчак
01. 01. 2019.Улм


Драги мои.
Триста шеесет и пет дена чекоревме во 2018 година која ни беше година на радост,сега стигнавме пак пред една нова 2019 година ,година во која имаме нада, вера, љубов за целата и во целата година.Широко ги отвори портите на радоста, среќата, вистината, светлината, убавината и венец стави од чиста љубов кој ни ја подари одма кога уште стрелките означуваа 24 часот и се разделуваа со полна прегратка годините две.И благодарам на годината која зеде збогум и замина,и благодарам и и се радувам на новата 2019 која со нов сјај и насмевка на лице ни пристигна.Посебно сакам на сите да ви ја испратам и оваа честитка како благодарност во се,за убавите моменти кој ги делевме заедно и во радост,со почит и во радост Ви благодарам СРЕЌНА НОВА 2019 година.

Ве сакам сите.Соња Улм ,Велес.
01. 01. 2019 Улм

nedjelja, 30. prosinca 2018.

СОН МЕ БУДИ

СОН МЕ БУДИ                                                       Во книгата бр:9


Сон ме буди мајко,
како кокиче во пролет,
под снежна покривка.
 
Се будам и го кријам сонот
во прегратка топла,
ги милувам спомените.
 
Во одаа и огниште наше 
уште искра свети,
а копнежот расти.

 
Го чувам сонот,
по вените каде крв течи
по водите на животот.
 
Сон ме буди мајко,
пред утрото бело,
а тебе, тебе те нема.


Соња Таировска Ѓурчак
30.12.2018 Улм