četvrtak, 3. siječnja 2019.

ПОЧИТУВАНИ бр 2 -4

Почитувани, драги прјатели со радост и во благодарност сакам сите да Ве поздрава и да Ви се заблагодарам на убавите топли честитки кој длабоко допреа и се разлеаа по брановите на моите години.Ви благодарам и го ценам вашето големо внимание кој ми го посветивте низ струите на оваа нова богата техника кој го поврза светот и ги испраќа сите убавини ширум светот.Ви благодарам и во благодарност Ве поздравувам.Имајте секогаш радост, мир и љубов во целиот свет.ПОЗДРАВ

Почитувани,
од името на клубот Кирил и Методија, под раковоство на Ангел Петровси,Стојан ................Славе...............членовите и сите присутни гостии и од мое лично име ги поздравувам нашите почитувани ценети гости од Агенцијата за иселеници од Македонија.
Директорот, Никола Шалваринов ,Билјана Костова ,Снежана Лазаревска Ѓорѓиевска и генералниот гонзул од Минхен Саше Аврамовски .ДОБРОДОЈДОВТЕ!
Овде и сега, се распостила радоста,топлината, светлината пренесена како бисер на топла дланка која ја испраќа нашата родина, нашата Татковина гнездо на младоста.Кога заминавме пред далечните години ја врзавме љубовта по корените на дабовите,а другиот крај го врзавме и го понесовме во топлината на нашите срца.Од првиот чекор до денес го миниме мостот кој го градевме со каменот наречен љубов,солзите беа сврзници на секој топол камен, и реката се доплнуваше со солзите наши.Болно е сеќавањетоно а истовремено голема гордост да бидиме пратеници од нашата Родина како чесени почитувани граѓани и да ја преставуваме нашата Татковина со нејзината убавина, богаство ткаено во библијата со кирилицата зборот песната и јазикот кој ги разбира сите други јазици во целиот светот. Од срце ви пожелуваме убав престој во Германија,и од сите нас понесете топли поздрави во гнездото на младоста и нашата мила Родина Те сакаме понесите радост и љубов за Македонија Ви благодарам.
Ѓоко Тримчев или Марјан Цонев ќе го престави постоено од нашиот клуб Кирил и Методија.

Nema komentara:

Objavi komentar