subota, 12. siječnja 2019.

ЈА ИЗГУБИВ ТЕТРАТКАТА

ЈА ИЗГУБИВ ТЕТРАТКАТА                                             Во книга бр 9


Ја изгубив тетратката
вонеа ми беа сите спомени запишани,
сите датуми од минатото,
сите имиња и презимиња.
Се чуствувам тажно, 
болката ја делам со стеблото,
по лицето на огледалото потекоја солзи,
тркалото  се одвои во два дела.
Дали е време за плачење,
не незнам,
и ако душата ми плачи.
Можеби не требаше толку цврсто
да ги чувам само спомените во мојата
недоиспишана тетратка.?
Можеби бев само во заносот на минатото,
а сегашноста ја промашив,
не ја запишував
или не ја чуствував
како год да е, тетратката ја изгубив.
Живеев во едно време во кое мислев
сите птици една иста песна пеат,
јас ја запишувам и ја раскажувам вистината .
Но не било така ,во просторот летат
птици кој други песни пеат,
а нивните диригенти деригираат без ноти.
кој не ги разбрав вистински.
Ќе ве молам!
Ако некој некогаш ја пронајди
мојата тетратка ,нека не и го менува насловот,
таа е моја!
Еинствена тетратка која останува
лично и во векови само моја,
нека ги зачува спомените
а нека продолжи да ја запишува сегашноста,


Соња Таировска Ѓурчак
12. 01. 2019 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar