petak, 4. siječnja 2019.

КНИГАТА СЕ ЗАТВОРИ

КНИГАТА СЕ ЗАТВОРИ                                         Книга бр: 9


Одекнува песната со молитвата,
солзите замрзнуваа во чашата
и во црвеното вино.
Се раздипли постелата,
се покрија очи.
И книгата се затвори,
останаа неколку скинати страници
кој ќе бидат потпалок на утринското ќумбе.
Свеќата гори и ангели пеат.
Улицата плачи,
а кочијата ги понесе тајните
од една животна приказна.
Замина како последен сведок на еден живот
празна остана пораката
а таа, замина во вкусот на земјата.


Соња Таировска Ѓурчак
04. 01. 2019 .Улм










Nema komentara:

Objavi komentar