ponedjeljak, 31. listopada 2016.

ВРЕМЕТО ЗБОРУВА

ВРЕМЕТО ЗБОРУВА
Времето е радост,а радоста ја делиме со книгата
„ВЕЛЕШКИ ПОЕТСКИ ПУЛСИРАЊА 2016“.
Времето е дар,дар подарен од времето господово,
стебло со длабоки корења од поезија, филозовија и раскази од денес,закитени се гранките од стеблото со песнте наши.
Времето е простор во кој живееме денес и времто зборува сега.
Зборува Зборникот и ја отвора вратата на љубовта .
Да се разбери времето треба да се види и вистината.
А времето, носи слобода,секој творец појет уметник е слободен,слободата е време кое носи нешто ново.
Слободата е и одговорност.
Да се има одговорност треаба да се верува и почитува.
Времето е животот кој се множи и деле со љубовта а решението е секогаш исто со истиот резултат на вечната љубов.
Многу сум среќна горда и благодарна на нашите родители кој почиваат во вечната љубов АМИН. Кои ни оставија богаство,не васпитаја со богочовечката љубов.
Богаството не е сопсвенијот дом,украсен со светилки низ дворот или убавата лимузина на улица ,богатиот бого човек има малку а дава многу,има голема душа.
Во Зборникот,низ страниците се распослаа песните од творците кој подарија во овој Зборник љубов. Зборникот останува запишан под името на нашиот Велешки голем творец КОСТА СОЛЕВ РАЦИН.Занего зборува времети и денес,занас ќе зборува можеби утре,или во некое друго време богато со богочовечка љубов.
А во мудроста е скриен клучот кој ја отклучува вратата на верата и стрпливоста. Многу добрини се забораваат,а времето пишува и памти.И ова творештво останува запишано во времето и радоста.
Ви благодарам на сите присутни кој ја поделивте оваа радост со времето које живее денес,благодарнос до членовите на клубот КОСТА СОЛЕВ РАЦИН.Благодарност кон организаторите на оваа убав и богата промоција, Благодарност кон Госпот кој ми го отвори патот и просторот да бидам овде да ја делам оваа радост со вас сите,далечината денес постана блиску.Понесите радост, понесите среќа,а зборувајте секогаш со времето и љубовта. Со почит и љубов *

Sonja.durcak@gmail.com

utorak, 11. listopada 2016.

ДЕНОТ Е УБАВ

ДЕНОТ Е УБАВ

Денот е убав,пазарот е шарен,
велат многу е скап
граф,пипер кромид сака секој џабе да јаде,
произведителот без пари да продава,
велат можи  само да дели.
На зелен пазар се продава мудрот или памет ,
кошта само 150.00до 300.00 денари
бил многу ефтин и не се плаќа данок.
Денот е убав на кој пазар да се оди.???

Соња Таировска Ѓурчак
11. 10. 2016 Улм

petak, 7. listopada 2016.

КОЈ ГО БУДИ ДЕНОТ

КОЈ ГО БУДИ ДЕНОТ


Да сум дете, ќе го вртам светот
во душата децка.
Радост ќе протурам во денот,
а среќните моменти ќе ги туткам
во децките дланки.
Блажено оди патот,
а некој го мами гласот.
Потомци со голем род
патуваат во чуден брод.
Пловат очите на денот,
по морето на југот.
Душата на земјата моја
полна е љубов!
Маѓепсан е светот со
чудото на часовникот,
кој талка по времето и
верува за подобро утре.
Свеста се одалечува од разумот
прескокнуваќи ги стрелките
од часовникот кој го буди денот.

Соња Таировска Ѓурчак
07. 10. 2016 Улм

srijeda, 5. listopada 2016.

ЧЕКАМ

ЧЕКАМ

Стојам и чекам,
да помини денот
тука и некаде таму
во секојдневието,
таласите на денот брануваат
по ширината и тишината на денот.
Чекам,
и не заборавам
дека е овде само една
станица од животот.
Чекам,
а се разминувам со векот
времето нема ни еден збор
да го пополни денот.
Чекам,
а ги гледам боите
кој останаа исти.
Чекам,
а времрето се спојува
и зборува на различни јазици.
Чекам,
а еден глас замина далеку.....

Соња Таировска Ѓурчак
05. 10. 2016 Улм

utorak, 4. listopada 2016.

ВО ОГЛЕДАЛОТО НА ДЕНОТ

ВО ОГЛЕДАЛОТО НА ДЕНОТ

Песната на денот е како сончев здрак
од секое стебло и убав плод,
закитени гранки со лисја жолти
и со насмевка роса род.
Од птици преселници
гнезда празни,и сите ладни.
Песнава, сака да рашири крила
да ги покрие сите гранки и,
гнезда ладни.
И пролет пак ќе стигни
есенски и зимски сон ќе дигни.
Светлината ќе прогледа
насмевката ќе се огледа
во огледалото на новиот денот.

Соња Таировска Ѓурчак
04. 10. 2016 Улм

subota, 1. listopada 2016.

АФОРИЗМИ


*****

 Вистината е капитал на животот

 *****

 Секоја желба е одговор на љубовта

 *****

Животот има чест и слава
секоја посебна лага, носи голема тага

*****

Благородноста е најголемата ризница
и раѓа плод од сопственото стеблото.

*****

Искрајноста лежи длабоко во душата

***** 

 Утрото го буди денот во радост,
срцето во младос,
животот исполнет во среќа 
а секој нов корак во УСПЕХ .

*****

Соња Таировска Ѓурчак
01.10. 2016 Улм
 
 

ponedjeljak, 26. rujna 2016.

СЕГА СУМ ДОМА

СЕГА СУМ ДОМА

Светот е убав,светот е многу убав,мојата родина, мојата Татковина најубава од цел свет.Сега,да се биди тука,да се осети топлината да се види светлинатса да се допр вистината ,понос и гордост е од љубовта.
Сега сум дома !
Да се пишува да се твори и род да се стори,значи да се сака,да се сака треба да се моли молитвата е светлината на љубовта.
Преку љубовта се искажува желбата желбата на животот.
И во туѓината се сака Татковината.
Туѓинец сум во туѓа земја! А ги следам изворите на рајот од мојата Татковина.
Скитник, странец со полна надеж, за  мојата земја.
Не, несеплашам од далечината
Некој,некој  ми ја кради вистината.
Се плашам од темнимнината на времето.
А јас сум уште странец.
Сега сум дома.
И сега во овој час, ги изговара зборовите мојата душа,ТЕ САКАМ МАКЕДОНИЈО,ТИ БЛАГОДАРАМ ТАТКОВИНО.
На оваа прекрасна манифестација го слушам внатрешното шепотење и жуборот на моето срце,го следам изворот на љубовта од мојата родина.Во туѓина молам и   постам, долгиот пост ја преставува мојата далечина.Далеку е мојата Татковина .А сепак многу блиску,толку блиску се раѓа со  зората,а утрото ја носи пак љубовта која ме милува и гали а тоа е мојата родина мојата МАКЕДОНИЈА. Ви благодарам на сите присутни,што и дадовте богаство на оваа преубава промоција на овие творештва кој оставаат белег во литературата во културата,остаават толина запис во корените на Македонската почва.Каде да бидиш,со кого да бидиш само прав човек биди ,биди пратеник Македонски  чувааја и сајака утробата МАКЕДОНСКА,понесете радост понесете љубов,секаде во светот од Македонија.ВИ БЛАГОДАРАМ.
Од промоцијата во Скопје на 22.07. 2016  

Соња Таировска Ѓурчак 
22. 07. 2016 Скопје Улм