Природна вистина која ја носи и остава времето,
мислата, зборот, делата се
живи сведоци на времето...
Природна вистина која ја носи и остава времето,
мислата, зборот, делата се
живи сведоци на времето...
ЧЕКАМ ПРЕД
ВРЕМЕТО во книга бр 9
Одвојена од вистината,
во далечината на стрпливоста
стојам и чекам пред времето,
како неуморен патник патувам и чекам.
Животот понатаму оди,
како да ме одминува
преместуваќи ја историјата на сопственото Јас.
Невидливи и прозирни остана одговорите
пред молитвата и дозволата на Бога.
Мислам,мислам да не мислам на ништо
чекаќи пред времето утре...
Ја испраќам мислата да ја исполни
празнината на морето,
година во година му се восхитувам
на времето допираќи го деството
и пишуваќи по страниците
кој шумат во тефтерот на животот.
Животот понатаму оди,
чекам пред времето
а времето е само сон
кој се сонува будно,
прелистуваќи ги страниците на животот.
Соња Таировска Ѓурчак
02.04. 2021 Улм .
УЛИЦАТА НА
ЖИВОТОТ Книга бр 9
Гласот на радиото,
радио Софија, објавува
во утринската програма,
секојдневни содржини
точно во четири саатот изутрина.
Ме буди и гласот на петелот
кој ја најавува зората,
ме повикува улицата на животот.
Ја слушам програмата
гласот на радиото,
додека макјами го приготвува
утринското кафе
пред заминување на работа.
Програмата продолжува.
Денот е буден,
нашето куче Џими,
нема потреба на утринска шетња
живееш во слобода
каде го претрчуваше кој знае по кој пат дворот,
кој му беше по цел ден на располагање,
во дворецот на живата приказна.
Во годините нанижани
по улицата на животот
живеев во слобода како и кучето Џими,
сега стојам пред учебникот
по странски јазици,
гласот на радиото се двои
измеѓу познати и непознати,
објавени и необјавени содржини.
Се одминувам и останувам
странец во сопствената душа,
на истиот шалтер го продолжувам пасошот,
болката ја оставам кај домашниот лекар
кој живее на истата улица
во другиот влез на зградата.
За нова рецепта орденацијата на мојот лекар
е затворена,работно време Петок до 18 часот.
Со живиот збор
го преминувам граничниот премин
патуваќи по улицата на животот.
Се е поинаку
кога ја слушам утринската програма,
на радио Скопје.
Соња Таировска Ѓурчак
27.03. 2021 Улм
И ПАК ТИШИНА во книгата бр.9.
Потоците молчат,
гората сокри се под лисјата
тишината не кажува нити еден збор
снеговите ја завееа.
Молчи през целиот ден
нити еден збор да кажи.
Измеѓу денот и школската клупа
устата остана отворена не прозбори,
сонот се ниша пред вечерата
и пак тишина ...
Соња Таировска Ѓурчак
15.03. 2021 Улм
КАКО ИЗГУБЕНА ПРАШИНКА во книгата бр 9
Проштевајте, сите мои
Соња Таировска Ѓурчак
13.03. 2021 Улм
И ПАК ВО ОВОЈ ДЕН Велес книга бр,22 И во книгата бр. 9.
Соња Таировска Ѓурчак
03.03. 2021 Улм
ДВЕ ПЕСНИ Велес книга бр,22 / Конкурс на Блаже Конески.Скопје
и во книгата бр 9.
Две песни пишувам и праќам,
Таму каде се препознаваат во себе
Заборавени тежат висаќите во плевната
По полето се разлева суша
И после оваа војна пак ќе се делат стиховите во стихови
Втората песна ја испратам
Соња Таировска Ѓурчак