ponedjeljak, 25. studenoga 2019.

ХХХХ....МК


💗💗💗

Што повеќе техничка комуникација
толку повеќе е осаменоста човечка.
💗💗💗

Техниката расти,гласот се губи...
💗💗💗

Несвесно и полека се губиме
во светот на осаменост.
💗💗💗

Верата и вистината на постоењето денес
ја заменивме со технологијата на времето.
💗💗💗

Расти земјата на туѓината
додека својата ја продаваме безпари...
💗💗💗

Времето е секогаш исто,
само човекот живее во нова фантазија.....
💗💗💗

Еден ден ќе останат приказните иза нас
само дали некој ќе ги раскажува ???

💗💗💗


petak, 15. studenoga 2019.

ГЛАСОТ МОЛЧИ бр 9.

ГЛАСОТ МОЛЧИ                                Во книга бр:9  И СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

Пишувам,
а,гласот молчи
пред туѓиот остров.
 
Мислите брануваат,
со изворите на поезијата,
стихови се редат,
како бисер гердан нанижани.
 
А гласот молчи.
Ја чува тајната,
по должината на времето
белег на далечината и добрината.
 
А гласот молчи,
времето ја милува
заспаната градина во туѓата далечина.
 
Пишувам или сонувам
ме сопна сонот
ме разбуди денот.
И пак гласот молчи....

Соња Таировска Ѓурчак
05.06.2019 Улм

srijeda, 13. studenoga 2019.

ЖИВОТОТ НА ЕДНА ПРИКАЗНА



ЖИВОТОТ НА ЕДНА ПРИКАЗНА               Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

Се роди,каде врбата свир на виолина
поточето пее, а под крушата Горница
се роди приказната нова.
Претседателството ја здипли
во плико и ја испрати да ја читаат
големите сили,без превод.
Стисната меѓу два бела листа
стигна на сцената во циркузот
каде мечката игра и се поклонува
лавовите вриштат,зад завесата
чуварот стои со отворена пушка.
Градот тони во страв,
На излезот од циркузот
приказната ја читаат верверичињата
и буквите ги кријат под рофката земја.
Ја читам, приказната на светот,
сонот ми доаѓа од мојата Земја
и го сонувам само будно,будно.


Соња Таировска Ѓурчак
13.11. 2019 Улм.

nedjelja, 10. studenoga 2019.

ДАЛЕЧИНАТА Е БОЛНА

ДАЛЕЧИНАТА Е БОЛНА                   ВО СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ


По должината на времето,
тишината се памти,
и кога ја бришам ноќта
пред очите на денот.
Солзи,се тркалаат по улицата
на часовникот, кој оди со времето
и остава брчки по лицето,
се буди тишината
а,далечината е болна .
Чешмата,од која
пијам вода го лечи времето,
клечам и молам
а животот минува
младоста диши,
староста се топи како свеќа во далечината,
а времето ме прати.
Далеку е Татковината моја
јас растам во секое ново утро
во цветната градина во мојата Родина,
а далечината е болна.

Соња Таировска Ѓурчак
10. 11. 2019 Улм







ДЕНОТ ПОНОВО СЕ РАЃА

ДЕНОТ ПОНОВО СЕ РАЃА                              Во СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

Во соборот на туѓите јазици
се чита молитва пред олтарот на животот.
Кафето,мириса на туѓа земја,
Свеќи запалени горат,
и јас палам свеќа во црквата на денот.
Месечината замина ,
а ноќта го прегрна стравот.
Голите гранки од младите дрва
утре ќе ги покрива снежна покривка
во дворот на новиот ден,
Месечината поново се враќа
со свеќа во рака.
Во лицето на огледалото скришум
се огледува една девојка од друга земја
а денот поново се раѓа.

Соња Таировска Ѓурчак
09. 11.2019 Улм







četvrtak, 7. studenoga 2019.

ПИШУВАМ



ПИШУВАМ                                            Во СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

Пишувам, а буквите
газат по платното, 
и ја обележуваат староста
се редат една до друга
како бели бисери
на момински гердан.
Пишувам, а буквите 
како свеќи ги собирам
во колибата,
под трлото кое е празно
а волната остана 
да виси на оградата.
Пишувам и садам букви
по платното ткаено во животот
ги собирам и ги нижам
ги печатам и ги праќам
во утрото полно надеж.
Пишува и јазикот го чувам.

Соња Таировска Ѓурчак
07. 11. 2019 Улм

petak, 1. studenoga 2019.

ПОД КОЖАТА НА СТЕБЛОТО


ПОД КОЖАТА НА СТЕБЛОТО                 Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

Плачи, душата на земјата
а стеблото остана празна,
перницата остана да виси
на голите гранки а сонот замина.
Виолината влезе, 
под кожата на стеблото,
остана со тишината да чека
на првите пролетни кокичиња
кој се враќаат, 
во просторот на Татковината.
Далечни се соновите,
кој трчаа по полето на радоста,
далечни се игрите,
кој ја пееа песната на младоста.
Далечни се спомените,
кој ме будат во денот на стпливоста
а стеблото остана празно.

Соња Таировска Ѓурчак
01. 11. 2019 Улм