četvrtak, 24. studenoga 2016.

ТИШИНАТА НА ДЕНОТ


ТИШИНАТА НА ДЕНОТ

Ја отвора вратата,
го раскрили прозорецот,
а покровот на куката остана
како прва љубов.
Се гради, мостот на денот
ја поврзува пораката во кочијата на гласот,
низ тишината се моли молитвата
која се шири како магла пред денот.
Часовникот како да застана,
пред една точка,
слушајќи ја приказната од
тишината на денот.
Каменот прзбори,
кој долго лежеше на прагод пред мостот.
Раскрсницата ги склопи дланките
пред звездите кои заминаа.

Соња Таировска Ѓурчак
24. 11. 2016 Улм

utorak, 22. studenoga 2016.

АФОРИЗМИ ХХХХ


*****

Убавината на денот е убавата мисла.

*****

Добрите дела, се украс на добрата душа.

*****

Среќата е толку голема,
колку помагаме да бидат другите среќни.

*****

Среќната душа,
ја прават среќна само добрите дела.

*****

Секоја намерна грешка,е како олово тешка

*****

Сите овци не пијат вода од ист извор.

*****

 Имајте убава вечер,
сите убави мисли нека бидат ваши  најдобри другари и,
сте убавини да бидат во вашите очи,
сите убави сонови да ја будат во зори, душата ваша во радос.


Соња Таировска Ѓурчак
22. 11. 2016 Улм

ДЕНОТ ПЛОВИ


ДЕНОТ ПЛОВИ

Денот плови во мирмните води,
денот плови и во убавини оди.
Денот е убав и зората ја раѓа
се шо не е убаво нека тони и паѓа.
И птиците пеат во гората и,
ја будат зората.
И оваа песна плови во денот,
водите се бистри,
и пораки праќаат мисли чисти.
Нека биди мир во светот,
среќа и радост во секоја душа младост.
Денот плови, по страници нови,
книга пишува и чита,
мисла убава чиста ита.
Денот плови само со една торба
а во неа и оваа творба.

Соња Таировска Ѓурчак
22. 11. 2016 Улм

subota, 19. studenoga 2016.

ГРАДИНАТА НА ДЕНОТ


ГРАДИНАТА НА ДЕНОТ

Пролет е,
врни,
а денот
градина сее.
Градината на денот
нов живот дава,
секое семе
во земја го става
и, живот му дава.
Градината на денот
семе сее,
за мир и љубов,
за мир и добрина,
за мир и напредок
во светот!
Градината на денот
род ќе роди,
и жетва ќе се стори,
богата!
Градината на денот.

Соња Таировска Ѓурчак
19. 11. 2016 Улм


petak, 18. studenoga 2016.

ЖИВОТОТ ГЛЕДА


ИЗГРЕВ НА УТРОТО

ИЗГРЕВ НА УТРОТО

Законот на животот е верата ,
која се раѓа во човечкиот ум,
живее во духот и во средината на животот.

*****

Вистината е изгрев на утрото и верувањето.

*****

Убавиот збор е патот на вистината,.....

*****

Соња Таировска Ѓурчак
17. 11. 2016 улм

МАЈКА НА СЕКОЈА ДУША

МАЈКА НА СЕКОЈА ДУША 
Со природта да си едно,е многу вредно но не е се едно,да ја слушаш тишината,да зборуваш со вистината тоа е дар.
Кружат птиците во просторот измеѓу небото и земјата ја најавуваат пролета,новото раѓање на природата која ја носи радоста,ја подарува убавината ја исполнува душата со љубовта од цветните бои разлеани низ топлината на земјата. Чуствувајте ја пролета и нејзиното ново раѓање таа е вечна,благородна,несебична полна љубов.Мајка на секоја душа. 
Соња Таировска Ѓурчак 
21. 3. 2016 Улм