subota, 31. siječnja 2015.

CUDEN SVET

ЧУДЕН СВЕТ

На овој свет, има деца многу
гладни, жедни, боси, голи
чуден свет што моли за леб.
Ве сакаме другарчиња наши
и ако не сме исти раси,
има една вистина во светот
што ни ја дари векот.
Љубовта е божи дар
за неколку мига
љубовта низ светот секаде стига.
Денес ве молам сите,
да бидиме хумани во душа
да делиме перче леб
за овој чуден свет,што моли за леб.
Да делиме радост
да запееме сложно
да облечиме нози боси
да нараниме гладни....
Пружаме полни раце љубов,
за овој чуден свет,што моли за леб,
љубовта е леб.

Соња Таировска Ѓурчак
31.1.2015 Улм




srijeda, 28. siječnja 2015.

MOLCI OD LJUBOV

МОЛЧИ ОД ЉУБОВ

Осамена ,напуштена кука
некаде горе
длабоко во шумата,
молчи ,молчи од љубов
а сонува долг сон,
сонува вистински сон
и сака сонот да биди стварност.
Но уште молчи,молчи од љубов.
Прагот го мини само
една, една бела вила,
тука уште во осаменост
мир бара,а приказната
од заборав,буди немир,
и пак патува кон неја.
Но уште молчи, молчи од љубов.

Соња Таировска Ѓурчак
28.1.2015 Улм


СРЕЌЕН РОДЕНДЕН


Животот е реалнос,

радоста е извор од душата,
среќата е убава мисла,а,
љубовта светлина вечна. 
ХХХХХХХХХХ. 
рожба искри нека бидат дофат 
во реалноста на ,изворите 
и убави мисли светлост вечна.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН !!!

utorak, 27. siječnja 2015.

ИЛЈАДА ЗБОРОВИ

Во овој час, владее тишината,
само една мисла,
пренесува илјада зборови.

Соња Таировска Ѓурчак
27.1.2015 Улм

nedjelja, 25. siječnja 2015.

АФОРИЗМИ 888

           ***
Патот на животот е верата
верата е мисла која се раѓа
и верува во успех....
           ***
Судбина, е измислен збор
кој ја  блокира верата....
           ***
Само чистата мисла
води по патот на вистината....

Соња Таировска Ѓурчак
25.1. 2015   Улм

subota, 17. siječnja 2015.

PTICA KOJA LETA

ПТИЦА КОЈА ЛЕТА

Тивко го напушта денот
како уморен патник,
animierte-vogel-bilder-100кој ја јаспишува далечината
на изодениот пат.
Потонува во сон,
и сонува звезди разиграни
по ливадите на вселената,
кој пиат утринска роса.
Сонот ја мие осаменоста,
ги мие прашањата
на животот, бара,
поглед кон небото
осамени очи,уморни,
повеќе гладни отколку
жедни,сонуваат за утре,
само еден миг е вистина.
Птица која лета.

Соња Таировска Ѓурчак

15.1.2015 Улм

srijeda, 14. siječnja 2015.

PAK KE BIDI ISTO

ПАК ЌЕ БИДИ ИСТО

Зад аголот се крие денот
колибата полна со светлина,
се гледа трепкањето на искрите
а, денот носи нова игра.
Пред да се родам,некој замина
останаа само сликите
да ги раскажуваат приказните
на времето.
Утре пак ќе биди исто
само брчките оставаат трага,
секогаш заминува она
што поново се раѓа.
Вистината буди нова игра,
пак ќе биди исто,како некогаш
и кога времето остава сомнежи
стои пред портата,ја чува љубовта
а далечината е таму каде е туѓината,
само времето пак ќе биди исто.

Соња Таировска Ѓурчак
14.1.2015 Улм