srijeda, 14. siječnja 2015.

PAK KE BIDI ISTO

ПАК ЌЕ БИДИ ИСТО

Зад аголот се крие денот
колибата полна со светлина,
се гледа трепкањето на искрите
а, денот носи нова игра.
Пред да се родам,некој замина
останаа само сликите
да ги раскажуваат приказните
на времето.
Утре пак ќе биди исто
само брчките оставаат трага,
секогаш заминува она
што поново се раѓа.
Вистината буди нова игра,
пак ќе биди исто,како некогаш
и кога времето остава сомнежи
стои пред портата,ја чува љубовта
а далечината е таму каде е туѓината,
само времето пак ќе биди исто.

Соња Таировска Ѓурчак
14.1.2015 Улм



Nema komentara:

Objavi komentar