ПТИЦА КОЈА ЛЕТА
Тивко го напушта денот
како уморен патник,
на изодениот пат.
Потонува во сон,
и сонува звезди разиграни
по ливадите на вселената,
кој пиат утринска роса.
Сонот ја мие осаменоста,
ги мие прашањата
на животот, бара,
поглед кон небото
осамени очи,уморни,
повеќе гладни отколку
жедни,сонуваат
за утре,
само еден миг е вистина.
Птица која лета.
Соња Таировска Ѓурчак
15.1.2015 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar