ПРЕД ПРАГОТ НА
ПРОЛЕТА
Некажа ниту еден збор,
молчеше пред
светлината на денот
додека ветрот ја
будеше тишината
под белината на снегот.
Молчеше гората а
потокот се криеше
под смрзнатите
снегулки
во длабочината на
времето.
Замолчи, устата на
една старица
рацете и трепереја
пред белата тетратка.
Мислата и бегаше по
синовите печалбари
кој заминаа како
птици преселници...
Еден ден птиците
преселници ќе се вратат
и синовите печалбари ќе
се вратат
со пролета во дворот
на татковината.
Зимскиот сон остана
да виси
Пред прагот на
пролета.
Соња Таировска Ѓурчак
23.01. 2024 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar