ГО СКИНАА ЦВЕТОТ
Го скинаа цветот пред
римата
цвет со цвет.
Го скинаа цветот пред
римата
боја со боја.
Го скинаа цветот пред
римата
глас со гласот.
Животот, скаменет и
суров!
Чекори меко пред
влезот
го скина цветот.
Скаменет остана цветот
во бојата на очај...
Остана цветот испишан
во стих
од убиците на еден
млад живот!
Измеѓу небото и
земјата леташе гласот
на малолетницата Вања
пред убиците,
Убиците го скинаа
цветот...
Соња Таировска Ѓурчак
05.01. 2024 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar