СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА
Додека живееме и
веруваме во Слободна Македонија а во џепод носиме бугарски пасош,и со првиот
лет заминуваме од таа наша Татковина,бегаме од нашето големо достоинство, кое
тони по дијамантите кој се распослани на туристичката плажа во песокот .
Додека нестразумот на уморните умови ги матат бистрите
води од длабочините на изворите,ги кријат бисерите македонски и ги фрлаат по светот, незнаеќи дека сето
тоа е љубов во ова преубаво вековно време.
Со сила и страв сакаат да и се спротистават на
љубовта,на Македонија а поетите пишуваат и творат како уметници ,а вистината им бега пред пенкалото.Дали е
вистина или само еден сон по кој сите трагаме по слободата во која не живееме
или подобро кога би живееле.
Ја
сакам Македонија. Одговорот е единсвен и
вистински, мера нема да се
кажи, колку можи да сака човечко срце и колку можи да издржи.
Во овие денови нема место за тага иако од сите страни
навираат прекари и лаги....
Ново крштевање што е тоа??? дали можи некој поново да
те крсти во името твое да царува ??? Во ови денови нема место за тага,сега,
здрав памет се бара, мир и радост во очи да се види и со здрав ум да се биди.
Македонските корени
се длабоки, раснат и дишат во тајната на вистината,благословена од Бога уште
пред Христовото раѓање,останува тајна за која трагаат народите и денес, не само
на балканот туку пошироко во светот.
Верувам дека нашата
вера ја определува нашата иднина, нашата вера е најблиску поврзана до бога и се
што е добро за Македонија. Кога се сретнуваме со зборот Македонија и
Македонците доаѓаме до името на Адам и Ева кој се исто така создадени од Бога
како и нашата Родина,Татковина Македонија.
Се е поврзано во
светот и со светот,искуството, условите, истражувањата, очекувања во фазите на
животот и во многу други добивки и
здобивките на бугарските пасош
тоа се само услови на живот.Имаме ли избор на слободна воља или тоа е
сопствена војна .
Да направам нов
избор,да се откажам од досегашниот кој се врти само во затворен круг на
дествување, што би ми понудил светот,во надворешните верувања во кој има
создадени услови и од кој можад да останат последици како кај Адам и Ева.
Баш тука се родив во
оваа недопрена благородна и чудесна земја,дали беше грешка или беше залагот од
црвеното јаболко што сега стои во душникот кој почнува да ме гуши трагаќи по
доброто на мојата земја кое се дели пред границата на вистината и надешта за
подобро утре.
Науката го потвурдува
она што е веќе кажано е и пренесено како кај Адам и Ева или како Духот и материјата,така е и не
откриено богаство Македонија и Македонците.
За да се влијаје се
создава и услов или се условува,а условите секогаш доаѓаат од надвор,кој мора
да се прифати таков каков е или подобро кажано каков е во заповедот.
Чудесна е оваа земја
која живее како една жива приказна во историјата и во чудата и законите на
природата,а уште е почуден и неразбирлив е човечкиот разум кој неможиш да го
објасниш ни разбериш и на својот македонски јазик .Чудата се зачудувачки и
невобичајни за еден пристоен живот во оваа наша чудесна македонија или н чудесни
македонци,
Во зборот сободна Македонија
наоѓаме утрхаи учиме уметнички вештини во кој се залажуваме а вистинскиот пат и
правец во оваа чудесна земја не го наоѓаме.
Те сакам Родино
,
Ти благодарам Татковино.....
Соња Таировска Ѓурчак
12. 01. 2024 Улм
Напишано за Сара Јованова од Скопје
Nema komentara:
Objavi komentar