subota, 26. prosinca 2020.

ЦВЕТОТ ВО СВЕТОТ

Книга бр: 9

 

ЦВЕТОТ ВО СВЕТОТ



Се сее, семето твое

по полето на младоста

цвет кој цвета во секојдневието,

цвет кој цвета под покровието,

ти си цвет кој се раѓа со радоста.

Во пупките твој се крие,

надежта на светот,

или спие,

гласно плачи,

херој, бегалец во светот

утрото му бега,

некој му го роби ехот.

Ти си песна која крстува и цвета,

ти си темјан мирис кои лета,

за твојата убавина превод нема,

ти си цвет кој неуморно цвета.

Секој далечина е преведен збор

каде земјата ја губи тежината и сјајот

во зботот не се наоѓа крајот

а во тебе цвету мој е рајот.

Ја преоблекувам вистина,

ја кинам ортомата на стравот

која трча по полето на животот, ја

облекувам со твојата цветна убавина,

со убавината на цветот го облекувам светот.

Цвет кој цвета за мир и љубов

поново се раѓа, го осветлува

и го победува лошото во светот.


Соња Таировска Ѓурчак

26.12. 2020 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar