ГЛАСОТ Е ДАЛЕЧЕН Во книгата бр:9
Стојам под небото сино,
а скитник сум на времето.
Се прашувам и патувам
измеѓу светлината и темнината.
Срцето чука,
пред вистината на денот
чука во болната душа
помеѓу сонот и јавето.
Ја слушам тишината
и силно се прашувам,
каде остана родољубената земја.
Сите стравови пливаат во морето
и ги смрзнаа океаните.
Гласовите на сите распеани птици им ги одзедоа.
Чуствувам како славата на еден живот
распослана гори во пустината
каде сенка нема
цветовите горат.
Гласот е далечен од грлото на песната
стојам и чекам одговот од денот,
во постелата на ноќта скитаат
истите прашања кои одговор немаат.
Пишувам во ова мрачно време
каде буквите се крија пред стравот на времето.
Убавината на цветовите цутат,
во храмот на животот,
високољубив обоен храм во сите бои.
Солзата ја освежува утринската роса
трпеливо го чека новото доаѓање
на еден нов ден на сите одговори
а прашањето чека на вистинскиот одговор.
Мир и слава за родољубената земја,
во кое времето е вечност,денес,
а утре, во утробата на земјата
семето поново се раѓа,а гласот е далечен.
Соња Таировска Ѓурчак
26.12.2020 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar