info@holocaustfund.org.mk
НАГРАДЕН КОНКУРС „РАСКАЖУВАМ ФОТОГРАФИЈА“
РАСКАЖУВАМ ФОТОГРАФИЈА
Стојам пред твојата слика, влегувам во твојата душа,го читам минатото и ставам мевлен на лузните кој печат по кожата и уште болат..
По патеката на страдањата и по лицето на денот уште течи крвава солза.
Ја гледам душата која страдаше и гладуваше за корка парче леб,
Гореа огновите по патеките на судбината, која патуваше во таа деценија, во поглед, без поглед која немаше веќи ни очи.
Во храмот се слуша молитва,молитвата од душата која се треси пред времето и стравот. .
Времето остана запишано по крстовите исклесани од камен кој останаа да дишат под ведрината на небото.
Сонот заспивa на две судбини,утрото се буди во морето на животот утре.
Само еднаш,само еднаш гореа гранките на стеблото, пепелта останаа во храмот на земјата под небото и поново да се роди цутот на младоста.
Душата ја двојам од стравот,твојата, мојата, нашата за подобро денес и утре.
Песната која ја пее славејот на животот, посилна е од смрта, се слуша измеѓу небото и земјата,од смрта неможев да ја спасам твојата душа,затоа што и непостоев ни јас во таа деценија,сега, сега можам да ја споделам љубовта која ни пропаѓа на сите подеднакво.
Да ја напуштиме пештерата на темнината,да ги сплотиме погледеите,да ги благословиме новородените кој се украс на домот.
Да засадиме цреша, која нов плод раѓа.
Да го сонуваме будно, истиот сон од убавината на времето денес.
Од изворот извира нов живот,а реката ги понесе старите болни спомени.
Зборот ги лечи раните и на сите заробени стравови.
Во зборот се раѓа убавото,убавото за денес убавото за утре,
Сега стигнав пред дрвото на страмот, клечам и молам, барам проштевање,за сите онија кој одамна заминаа а злочин сторија.
Да им простиме.
А сите ние заедно, сплотени да тргниме по мостот по мостот кој се вика љубов, кој го градиме сега ние сите, сите заедно,сите сме исти, и сите заедно сме посилни од едно.
Соња Таировска Ѓурчак
01. 12. 2020 Улм
ОГАН ВО СТУДЕНИТЕ ДЕНОВИ
Останаа амбарите полни со жито,
како житар, собирав и го полнев деството.
Будна несоница, височина,
воснесена сега над мојата родина,
во дророт на нашата селска камена куќа.
Излетуваат песните од амбарите,
кој ги редам во височините на звезденото небо.
Таму звездите ги галат песните,
напишани на мајчин јазик.
Песната ми е светилка,
искра со који летаат воздишките и одат,
чекорите во времето на туѓите јазици,
со една жива надеж.
Зрно по зрно,
буква по буква,
збор по збор,
песна по песна
ги чувам, го чувам
умот и топлиот дух на една вистина и
една туѓина во храмот на мојата душа.
Денот светна,
и ги прелистува страниците околу стожарот во гумното,
во нашиот селски двор.
Огништето остана да гори,и гори,
јас, понесов една искра
која е оган во студените денови.
Ја исполнувам празнината
и ја врзувам со уздите на далечината
која со отворена уста молчи.
Ги слушам црковните звона,
ја слушам камбаната на нашата селска црква,
и воденичкиот камен, како ситно го мели житото,
ги слушам приказните кој ги раскажува
Воденичарот чичко Атанас...
Мирисот на лебот ме повикува,ги повикува и,
селаните кој сложно ја собраа жетвата,
и мекото бело брашно.
ОГАН ВО СТУДЕНИТЕ ДЕНОВИ,испратена на конкурсот во Тетово
Конкурс на Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ Тетово
Nema komentara:
Objavi komentar