subota, 14. prosinca 2019.

ВРЕМЕ БЕЗ ОДГОВОР

ВРЕМЕ БЕЗ ОДГОВОР                     Во книгата бр:9

Време без одговор,
како мека постела без сон.
 
Пишувам и песна без наслов,
песна за осаменост
песна на радост и тага,
проширена во стихови
на време без одговор
и мека постела без сон.
 
Сакам да го пронајдам одговорот
го делам стихот во стихови.
 
Посигнувам по звезденото небо
во татковината од која сум одамна одвоена
и по учебникот по историја
да го најдам одговорот.
 
Мислите летаат по улиците ,
очите останаа насолзени,
на бездомниците каде студот стега.
 
Лесно да се живее е мудрост,
а јас сум гостин
во времето без одговор.

Соња Таировска Ѓурчак
14.12.2019 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar