utorak, 31. prosinca 2019.

ОГАН ВО СТУДЕНИТЕ ДЕНОВИ


ОГАН ВО СТУДЕНИТЕ ДЕНОВИ                           Во книгата бр 9
 
 
Останаа амбарите полни со жито,
како житар, собирав и го полнев деството. 
Будна несоница, височина, воснесена 
сега над мојата родина, во дророт 
на нашата селска камена куќа.  
Излетуваат песните од амбарите, 
кој ги редам во височините 
на звезденото небо. 
Таму звездите ги галат песните, 
напишани на мајчин јазик. 
Песната ми е светилка, 
искра со који летаат воздишките и одат, 
чекорите во времето на туѓите јазици, 
со една жива надеж. 
Зрно по зрно,
буква по буква, 
збор по збор, 
песна по песна ги чувам, 
го чувам топлиот дух на една вистина 
и една туѓина во храмот на мојата душа. 
Денот светна, и ги прелистува страниците 
околу стижарот во гумното, 
во нашиот селски двор.
Огништето остана да гори,и гори
јас, понесов една искра која 
е оган во студените денови. 
Ја исполнувам празнината  
ја врзувам со уздите на далечината 
која со отворена уста молчи.
Ги слушам црковните звона,
ја слушам камбаната 
на нашата селска црква,
и воденичкиот камен, 
како ситно го мели житото,
ги слушам приказните кој ги раскажува 
Воденичарот чичко Атанас... 
Мирисот на лебот ме повикува,
ги повикува, и селаните 
кој сложно ја собраа жетвата, 
да,одморат со почит пред
мекото бело брашно.
 
 
Соња Таировска Ѓурчак  
31. 12. 2019 Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar