ЗНАМ КАДЕ МЕ
ЧЕКАШ Во книгата бр:9
Во аголот, на
непознатото
во куферот,на
познатото,
на патеката,поплочена
со солзи жески,
срцето исплетено
со денови тешки.
Само едно знам,
каде ме чекаш.....
Уморна не сум,
полна со светлина
лесна,
раце полни, со
бисери бели
спомени стари
сонот ми дели.
Во домот дишат
спомени,
во градината,
расти пролет
пред врата
засекогаш цвета,
цветот кој љубов
се вика.
Само едно знам,
каде ме чекаш......
Соња Таировска
Ѓурчак
10.02. 2018 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar