ЗНАМ
Во книгата бр:9
Таму далеку,
остана,
куќата од моето
детство.
Ме довикуваат
гласовите
разтрчани во
ливадата
со мирисот на
лалињата.
Ме довикуваат,гласовите
на потокот, со
првите пролетни ноти.
Далеку е,
виолината
но сепак ги
милува и гали
сите далечини.
Ги повикува сите
разиграни поточиња
да се влеат и се
сродат со нотата на денот.
Небото е
далеку,осамено и плачи
калдрмета,
бранува по патишта
кој ги променија
сите правци.
Знам,но сепак
се прашувам
кој збор да го
изговорам сега,
и пред себе
молчам....
Врнат ладни
дождови,
корените, на
семејното стебло се сушат,
останува сеќавање
на детството.
Таму далеку,
мириса на пролет
цветаат најубавите
цветови
кој пролет
носат,знам.
Соња Таировска
Ѓурчак
18. 02. 2018 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar