četvrtak, 12. siječnja 2017.

ОВДЕ НЕ ЗАСТАНУВА ЖИВОТОТ

ОВДЕ НЕ ЗАСТАНУВА ЖИВОТОТ

Животот, се протега
во далечините на стравот.
Огледалото го гледа небото
повикуваќи ги сите птици,
кон далечините на животот.
Љубов е зборот,
овде што останува,распослан
по гранките на стариот даб.
По морето таласа сонот
на многу бегалци,
кој остаана да го сонуваат сонот
со морската кралица.
Овде не застанува животот
на оваа улица нема број.
Пепелта се вее со ветрот кон небото
и цвета со морските цветови.
Денови не бројани
години не мерени
во векови не извекувани
пред портата на животот
кој останува тука.
Ноќта ја зима последната
недогорена свеќа,
а восокот се разлева по земјата
по билките на црно бели цветови.
Животот изграден во темелите
на ветровите се огледува во туѓите очи,
овде не застанува животот.
Запалено кандилото,останува
да гори во чистините на небото.
Ангелите прегрнати раскажуваат
за вистината на далечините
и сенките кои остануваа овде.

Соња Таировска Ѓурчак
12. 01. 2017 Улм


Nema komentara:

Objavi komentar