srijeda, 4. siječnja 2017.

ПОТОКОТ НА ВЕЧНОСТА

ПОТОКОТ НА ВЕЧНОСТА

Каде,каде ли брзаш,
по лицето на земјата,
во таа далечина.
Каде,каде ли бегаш, а
се извишуваш, низ грлото на песната
во таа близина сега.
Се криеш, под сенките на стеблото,
стебло на осаменост.
Те гледа, огнот кој не гаси,
те повокува, жуботор а нечуен е.
Дотекуваш пре полето,
а далеку е,
земјата од изворите на слободата.
Птиците пеат,
пред сините ветрови,
во таа земја,
во земјата и душата на изворите.
Потокот на вечноста е цената
на записите по страниците на светот.
Болни се потоците на солзите,
и горите на птиците.
Тоа се вика вистина пред светот
копнеж и шепот
пред олтарот на татковината.

Соња Таировска Ѓурчак
04. 01. 2017 Улм



Nema komentara:

Objavi komentar