srijeda, 11. siječnja 2017.

КОГА ДЕНОТ ВО ПРОЛЕТ ЌЕ ЦУТИ


КОГА ДЕНОТ ВО ПРОЛЕТ ЌЕ ЦУТИ

Со денови,
бранува зима студена,
во зорите рани,
очите матни,
смрзнати, снегулки бели.
Безгласно денот,денови реди
пред порти стари мајка солзи реди,
глас повик вика,
чеда свои назад си вика.
Темници црни,зората ладна
пазува мајчина празна.
Кога денот, во пролет ќе цути,
кога тој ден, вистина ќе биди?
Денот долг,ноќта кратка
жедно,капка по капка
крвта ја пие.
На кантар злато се мери
мајчина љубов,надеж горка
душа полна, љубов болка,
со ништо не се мери.
И кога во некоја доба
зората се буди,
еден живот безгласно се губи.

Соња Таировска Ѓурчак
11. 01. 2017 Улм



Nema komentara:

Objavi komentar