utorak, 31. svibnja 2016.

АФОРИЗМИ

Од небото паѓа светлина чиста,
се распостила на земјата цврста,
истобојни разцветани долини
со цветови мали,
светлината прозирна душата им ја гали.

*****

И во секој камен има  дијамант.

*****

Трудот е успех но секогаш потсмеван
на неуспешните и светлината им е темна
а вистината лага.

 *****

Осамените плачат гласно
тагата и болката им е тешка
но глас не им се слуша.

Соња Таировска Ѓурчак
31. 05. 2016 Бад Швалбах

ПО ПОТРАГАТА



ПО ПОТРАГАТА

Сите патишта го променија правецот,
а,  времето застана.
Птиците летаат во круг
а рибите пливаат во водите на жалоста.
Се се смена, се се пормени,
само адресата остана точна
од болната душа,
адресата од времето
и  улицата со истиот број.
Од која чешма сега,
течи водата на животот,
Која река ја пери
тагата на болната душа.
Од кој извор извира
силата на самодовербата.
По потрагата
која патува низ пустината.
По потрагата
која се распосла во туѓината.
По потрагата на времето
одам и одговорот го барам.

Соња Таировска Ѓурчак
31. 05. 2016 Бад Швалбах

subota, 28. svibnja 2016.

UBAV VIKEND

UBAV VIKEND

Klucot za radost, sreka,zdravje se naogja,vo iljadnici zrca pesok,samo edno zrno e vo dusata tvoja sto ja otklucuva vistinata.
Ubav vikend.

petak, 27. svibnja 2016.

ДЕНОТ Е МОРЕ



ДЕНОТ Е МОРЕ

Се пробуди од темнината
и се распосла во светлината.
Едно зрно песок,
жално денот го моли,
со тажна песна,  
пред отворено море.
Ноти од песок,
и музични бранови
пливаат во денот на морето,
наречен живот.
Мислите на морето,
таласаат патуваќи низ светлината
брануваа во денот на морето.
Денот е море,
блесок под сонцето и плавото небо
развој во која душата неуморно плива  
во светлината  на морето.
Денот е море и песна од песок.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 05. 2016 Бад швалбах

srijeda, 25. svibnja 2016.

СОН НЕДОСОНУВАН



СОН НЕДОСОНУВАН

Ме пробуди утрото,
а сонот замина,
замина и остана недосонуван.
Тоа ли беше сон,
или вистина утринска бела,
низ тишинита што замина цела.
Остана сонот недогледан,
замина некаде таму,
или полета горе
по кој пат ли појде?
Се размина со светлината,
ја пронајде негде далеку вистината.
Остана само паежина
од сон недогледан
од сон недосонуван.

Соња Таировска Ѓурчак
25.05. 2016 Бад Швалбах

ponedjeljak, 23. svibnja 2016.

ОД ДЕНОТ



ОД ДЕНОТ

Затворена остана портата од денот,
времето и просторот ја следат тишината,
распослана низ длабочините на минатото.
Камарчето, распаднато ја засолнува иконата
ја гледа вистината од денот и
од среќните времиња
што оставија трага од денот тука.
Таму каде и душата пролета ја буди
времето пишува,пишува од денот.
Таму далеку, на исток каде земјата и небото
прават рај од денот,
таму ја гледам уште светлината од денот,
ја слушам песната на земјата плодна,
цветовите ја шират бојата од денот ,
и мирисот на денот кој се простира,
до последната станица,
до хоризонтот на љубовта.

Соња Таировска Ѓурчак
23. 05. 2016 Улм


nedjelja, 22. svibnja 2016.

АФОРИЗМИ

*****

Душата зборув им после смрта.

*****

Само вистината ја открива тајната на душата.

*****

Во светот на чудата живее смрта.

*****

Господ ја створи смрта,и ја пресели во чудниот и невидливиот свет.

*****

Животот е мост измеѓу животот и смрта.

Соња Таировска Ѓурчак
21. 05. 2016 Улм


utorak, 17. svibnja 2016.

ВЕНЕЦ ОД СОЛЗИ



ВЕНЕЦ ОД СОЛЗИ

Тука царува само љубовта,
во морето на тишината прозирна,
каде шкољките ги кријат
убавите бисери и,
ги чува морската  длабочината.
Во утрото рано кога здраците
тонат во длабочините,
се простираат како виножито по
должината и длабочината морска.
А гласот шуми низ обоените корали
на гробот во длабочината
и во прегратките на смрта.
На обалата морска венец од солзи
и молитва тешка.
А,над плавото море
лета само една пеперутка и,
мојата, мојата тага.

Соња Таировска Ѓурчак
16.05. 2016 Улм

nedjelja, 15. svibnja 2016.

ПЕСНА ЗА ЉУБОВТА

ПЕСНА ЗА ЉУБОВТА

Душата остана гола,
тоа што покрива е само солза моја.
Животот е жив,каде има трага љубов
смрт нема, љубов остана.
Пробудисе во оваа деноноќија
слушнија песната на љубовта
песната која ја пее душата моја.
Јато птици во сон ме водат
по стапките твој каде сега одат.
Пробуди се од сонувањата,
сонот длабоко сонува и спие,
пробудисе во оваа деноноќија!
Ангел чувар пред ливада стои
сонот твои будно го чува,
со звездите војна водам
по љубовта и сонот твој одам.
Езерото бранува и шепоти
пред утринската магла и ливада цветна,
љубовта е вистина,и вечна.
Песната за љубовта ја
праќам во небо,небото да ја чува.
Името на љубовта јас го чувам.

Соња Таировска Ѓурчак

15. 05. 2016 Улм

АФОРИЗМИ

АФОРИЗМИ

За да никни треба да посееш.

*****

Со радост посејго  семето,а со љубов очекувајго плодот.

******

Не чекај го плодот ако не му се радуваш на цветот.

*****

Секоја желба е семе на молитва,ако се посее вистинското семе раѓа богата жетва.

*****

Секоја убава мисла е плод на љубовта.


Соња Таировска Ѓурчак

15.05. 2016 Улм  

četvrtak, 12. svibnja 2016.

ПОМНУВА

ПОМНУВА

Утринска зора рана
здив на пролет чиста
поглед кој милува
езерска вода сина.
Магла распослана по брегот
ја милува  тишината 
и светлината на зората рана.
А, погледот остана да плови
по брановите и водите сини ,
помнува на живот жив.
Стегна срце,крв течи а
самовила смрт прати.
Несмеам да плачам,
болка боли а неможам  да кажам
бурата ја помнува тагата
сонот се јавува како во ден
скријена тајна на галеби бели
згасна сон кој поново се раѓа во помнување.

Соња Таировска Ѓурчак
12.05. 2016 Улм

četvrtak, 5. svibnja 2016.

SAHOVNA IGRA

SAHOVNA IGRA

Zivot je lep,tajna ne otkrijene istine.
Zivot stane,pa opet dalje.
Кuda ide? Тo je zagonetka cista.
Sah stoi dugo ispred neresenog problema.
Uvjek je pitanje isto, koi potez ide  dalje ?
Koi voz ide u pravom pravcu,sahovne igre.
Intresantno je to da sah nagje uvjek
pravi put,put zivota,i spaja ljude.
To je pijsma koja se pjeva sirom sveta.
Pobjednik igre je svako tko sledi pravila igre
u ovim burnom zivotu.
Na sahovnoj tabli zivot pise,
zivot je kvadrat,u ovih 64.ri kvadrata je kljuc istine
koi otkljucava srca vrata.
Sahovski zivot,je zivot igre dug kao i sahovno pole.
Svaka igra ima pobednika svoga
U svakoj igri ima i kraja,u svakom kraju ima i pocetak.
Svaki kljuc ima svoj broj
svaka zivotna stranica  ima  svoja stanica.
I opet rasiri se novo pole,SAHOVNE IGRE….

Sonja Tairovska Durcak

5. 5. 2016 Ulm 

nedjelja, 1. svibnja 2016.

БЛАГОСЛОВЕН ВЕЛИГДЕН / ЧУДНА ТАЈНА

БЛАГОСЛОВЕН ВЕЛИГДЕН

ДЕНЕС Е ДЕН, НА ЧУДОТВОРНАТА ТАЈНА
КОЈ ЧОВЕКОТ НЕ МОЖИ ДА ДОПРИ
ДО ВИСТИНАТА.
ВЕЧНА ПАТЕКА НА ЖИВОТОТ.
СРЕЌЕН ВЕЛИГДЕН

Соња Таиривска Ѓурчак


ЧУДНА ТАЈНА
НЕВИДЛИВА СИЛА ГОЛЕМА 
МОСТ НА ЖИВОТОТ И СМРТА.


Соња Таировска Ѓурчак 
1. 5. 2016  Улм

 И кога се очите полни со солз,и по лицето се ронат солзи, а болката царува во душата Ти испеаќаш НАДЕШ,ВЕРА ,ЉУБОВ твојата светлина ги мие болните рани ги бриши солзите, солзи кој се ронат по лицето го наводнуваат расадот на нови цветови кој се одгледуваат само во твојата градина,цветови на родост.

******
Очите твои се нашата светлина, ти си нашиот живот,мислата твоја ја сподели,и нас ни ја предаде, оваа ноќ ќе ја осветли земјата и небото,и ќе се чита само чиста ЉУБОВ ,ГОСПОД Е ЉУБОВ Среќни Велигденски Празници