ПРЕД ПОРТА ТЕШКА
Капка жешка, пред
порта тешка.
порта која
катанец нема
а, го крие домот
твој.
Стебло над корен се ведни,
светлината со
темнината се бори
а дождот плачи.
Домот заспа, и
сонот длабоко спие.
Свеќа која вечно
гори,
грст спомени од бисери
бели,
пред порта тешка.
Соња Таировска
Ѓурчак
29. 3. 2016 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar