ПРОЗБОРИ ДЕНОТ
Со кантар кој мерка нема
ја измери
тежината на денот,
а длабоко од
душата
прозбори денот.
Долг е патот на
денот,
се подели слабост
измеѓу небо и
земја
прозбори денот.
Сепак ми подари
сила,
како на дете мало
верба и молитва
тешка
прозбори денот.
Татнеш на денот
измати води
бистри и магли густи.
Одговор на денот
е мојата мисла
рече и
прозбори денот.
Чудна е сечија
мисла
напишана на
платно бело
во мугри бели
прозбори
денот......
Соња Таировска
Ѓурчак
14. 3. 2016 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar