utorak, 29. prosinca 2015.

ПОЛНА МЕСЕЧИНА

ПОЛНА МЕСЕЧИНА


Низ бурата на времето,
и полна месечина,
бегалците минат без стрв,
ги забораваат плодовите  и
смртните казни на плодните полиња
кој го означуваат времето.
А кога некој некаде оди,
поново се врака,
како пчелка на убав цвет.
Месечината следи чекор по чекор
и  го означува времето,
ги исполнува сите пукнатини на времето
распослани измѓу небото и земјата.
Со брзината на времето се отвараат
вратите пред кои сега се молчи.
Над златните рудници
стеблата  пуштат долги корења,
а,времето молчи пред полна месечината.

Соња Таировска Ѓурчак

29. 12. 2015 Улм 

subota, 26. prosinca 2015.

ДЕНОТ Е ДОЛГ

ДЕНОТ Е ДОЛГ

Природата се распослала
низ долгите улици,
пошумени со стебла во
надеж на безбројни очи.
Денот е долг, осветлен
со светилките на градските улични
под кои летаат изморени светулки.
Копнеж  по нешто ново
забораваќи ја стварноста.
Се се менува и повторува
само вистината останува
секогаш поврзана со мостот
на природата, како
децка играчка на животот.

Соња Таировска Ѓурчак
25. 12. 2015 Улм


srijeda, 23. prosinca 2015.

СВЕТИЛКА НА ДЕНОТ

СВЕТИЛКА

Пред прагот на денот
стои запалена светилка.
Светилка која го осветлува
целиот просто,
измеѓу небото и земјата,
низ тишината на времето.
Се раѓа светилка кој се поновува
низ календарот,светилка на денот.
Се крие измеѓу деноноќното ветување
на немирот од темнината и светлината.
Црта нови слики по смрзнатите прозори
а се лепат по вените на пеперутките,
кој патуваат со светилката  на денот.
Тежат камењата на сопствениот сон
лебдат капките пред прагот на денот.
Само се пофторува празникот на денот,
а ја крие вистината закачена
по старите греди во плевната.

Соња Таировска Ѓурчак

23. 12. 2015 Улм 

subota, 19. prosinca 2015.

ПРЕД ТУЃА ПОРТА

ПРЕД ТУЃА ПОРТА

Гледам прегратка во прегратка
како свеќа се топи.
Слушм плач на гроб...
Пред туѓа порта,
сон кој спие по должина на стебло
даб кој лисја нема, а
корени долги веќе пушти.
Солза се тркала по сокаци туѓи
дождот ја носи во река матна,
далеку негде на брегот ќе застани
нов ден ќе ја пробуди тогаш.....


Соња Таировска Ѓурчак
19. 12. 2015 Улм


srijeda, 9. prosinca 2015.

АФОРИЗМИ 200

Насталгија за стари добри времиња нема
Ни времето тагува за прошлоста
Ни дрвото за своите паднати лисја,
Се раѓа нов живот,по патеката на времето.

*****

Животот треба сигурна карта
Тоа е одговор на молитвата.

*****

Секоја молитва стигнува
гласно до природата
а природата е одзив на молитвата.

*****

Само вечната вистина не се променува
Таа останува секогаш вецна вистина.

*****

Измеѓу светлината и темнината
Се крие тајната на вистината.

*****

И со затворени очи се гледа светлината.

*****

Природата е секогаш
Креативна испирација
Која освежува и подмладува.

*****

Само еден збор сега зборува
Во хармонија за љубов и мир.

******
Низ убавината на природата
Се допира вечноста на слпбодата

Која носи мир и љубов,имајте љубов


PTICE NA NEBU


ПТИЦЕ НА НЕБУ

Мисли ме опет тамо воде
на језеро обале кводе
Бол рука пише
и ако цвет немирише више.
У мом животу светлост је стала
магла и тама је пала.
Птице на небу лете немо
чувају успомене,тугу и бол.
Птице су сад све неме
само једна на грани вене.
Живот даље следи
живјет сам не вреди.

Соња Таировска Ѓурчак
21. 8. 2015 улм


PTICE NA NEBU

Misli me opet tamo vode
na jezero obale kvode.
Bol ruka pise
i ako cvet ne mirise vise.
U mom zivotu svetlost je stala
magla i tama je pala.
Ptice na nebu lete nemo
cuvaju uspomene,tugu i bol.
Ptice su sad sve neme
samo jedna na grani vene
Zivot dalje sledi
zivjeti sam ne vredi.

Sonja Tairovska Djurcak

21. 8. 2015 Ulm  

utorak, 8. prosinca 2015.

УМОРНА БЕЗСОНИЦА

УМОРНА БЕЗСОНИЦА

Немир,бол,гребе
на слика остава лузни.
Разголена зората бега
повторно да се роди.
Повторно да се роди,
бара само трошка сила
немирот да го смири,
убава зора мисла да роди.
Бесоница бега, кон утрото бело
во танец вие, убавина крие,
распослана зора утрото го мие.
Денот се роди.

Соња Таировска Ѓурчак
8. 12. 2015 Улм


КАКО ВО СОН

КАКО ВО СОН

Те видов, како во сон
со кајчето пловеше
кон брегот.
Езерото се криеше
под бистрите води.
Поитав тивко во преград
да стигнам.
Ме сопна сонот
Ме разбуди денот.

Соња Таировска Ѓурчак

8. 12. 2015 Улм 

ДА МОЖАМ

ДА МОЖАМ
Да можам,
ќе го вратам времето
заспано на поселата 
од животот.
Да можам,
ќе ги вратам жолтите
паднати лисја
од стеблто на добрината.
Да можам,
ќе ги вратам сите
птици кој одлетаа
во просторот и се изгубија во бурата.
Да можам,
да го соберам стадото
од широката ливада
на заблудата.
А рибите да ги извадам
од смрзнатите води.
Да можам.
Соња Таировска Ѓурчак
7. 12. 2015 Улм

ЗОРА

ЗОРА
Чекам ноќта да мини
ден да раздени
сјај на мост да мини
радост да стигни.
Чекорам и патувам во надеж
во брегот на осаменоста
барам време,
не, зората ја чекам!
Мисли разиграни
под кожата на ноќта
немир прават.
Ги нишаат клепавиците
на денот,
кои сила веќе немаат
и зората ја чекаат.
Кошничката полно надеж
ЗОРА.
Соња Таировска Ѓурчак
7. 12. 2015 Улм

nedjelja, 6. prosinca 2015.

АВСТРАЛИЈА

АВСТРАЛИЈА Австралија земја далечна Ти од рода ме одроди ти сиромав ме направи. Пари во џеб сега носем а за љубов просам. Австралија замјо далечн сиромав сиромав сум сега сиромав за рода мила ах да имам барем крила. Преку океан да си летнам и таму во родина мила да си слетнам. Пари во џеб сега носам а за љубов просам. Сите пари ќе ги дадам да не морам љубов да крадам. Дали тоа доста ке биди сега никој ни во родина таму неќи да ме види. Австралија замјо далечна.
Соња Таировска Ѓурчак
5. 12.2012 улм

ВИСТИНАТА НЕ ОДМИНА

ВИСТИНАТА НЕ ОДМИНА

Години во темнина минеа  
верници свеќа палеа,
пред олтар, молитва молеа.
Мир и светлина, во куќата на небото.   
Молитва, како сенка низ темнина  проиде
светлина дојде.
Останаа зборовите запишани
во тетратката на мудрецот,
низ ширината и должината на светот.
А вистината не одмина.

Соња Таировска Ѓурчак
5. 12. 2015 Улм



utorak, 1. prosinca 2015.

ПАТОТ Е ПРАЗЕН

ПАТОТ Е ПРАЗЕН

Барам низ замаглени очи сјај да видам,
длабоко се всадиле во Европа,
раширени платна,како за белење.
Насмевка нигде нема,
и времето се стурило во плач,
а капутот се треси како
последниот лист на дабот и
посига по сончевите здраци.
Се кити радоста,за новото раѓање.
Снежница и виулица се спуштила
срцата се смрзнале пред прагот од болницата
се слушаат чекори кој чекорат
по поатот на празникот,а патот е празен.

Соња Таировска Ѓурчак
1. 12. 2015 Улм