ОСТАВИ НЕМИР
Сите сенки спиат,
заспаа и очите на
ноќта.
А темнината,
будно бдее над
светлината
низ звездите на
спомените.
Не дочитано,
остана
писмато на
животот
кој водеше,
во иднината на
денот.
Мајското студено
утро,
мајската зора
ја отвори вратата,
студот поитаа
слепо!
Ја соголи
топлината,
ја протури низ
канџите
ја исцеди љубовта
ја понесе душата.
Остави немир,низ
брановите
на нотите
потоппени во солзи.
Соња Таировска Ѓурчак
2.10. 2015 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar