utorak, 20. listopada 2015.

KRILA SKINA

КРИЛА СКИНА

Крила, скина мила
од мене направи роб.
Љубов зеде,крила скина
ти замина мила.
Зар тоа не ти беше сето доста
и цвет роса дете ми зеде.
Љубов само клета била
што со тебе мина мила.
Со играчки децки
во тишината сега зборам,
за ќеркичка наша мила горам.
Слепа ли беше љубов моја
да не ја виде ти.
Во сон се будам
на перница те барам.
Крила скина,
замина, срце ми рани ти.
На зид слика барам да видам
нема, се ми зема.
Верувај слика во себе носам
во срцево мое ја заклучив
а клучот го зеде мила ти.
Ако милост имаш
немој,да чедо наше
по друг сега тате вика.
Мало е, и незнае,само е цвет
што цвета во децки сон.
Ах, мила ти скина,таткова крила.
Од овој час за љубов несакам
повеке да те молам,
ако секогаш за тебе мила
во љубов ќе горам.
Не те проколнувам, само те молам
чувај го нашето мало чедо
како очите свои мила.
Ти пожелувам,среќна да бидиш
и ако крила ми скина мила.

Соња Таировска Ѓурчак
21..3..2014 Улм

Тажна испирација

Nema komentara:

Objavi komentar