nedjelja, 27. rujna 2015.

СЕГА ОДИ

СЕГА ОДИ

Пред златно сонце
здраци да пружи,
мајка ме пробуди тивко,
ме прегрна цврсто
и на долг пат
во туѓина ме прати.
Во чело ме бакна и рече:
„Не заборавајме ќерко„.
Патот е долг
туѓината е пуста,
тие зборови благи
од мајчина уста,
уште во душа ги носам.
Храбро на пат во туѓина кренав
и солзи скришум прегрнав.
Сега оди,оди мила ќерко,
Мајка и замја не заборавај,
Сега оди.
Горда сум мајко со тебе
и земјата наша.
Мајка очи затвори рано
почина во земјата наша.
Во туѓина и злато на кантар се мери,
мајчина љубов и земјата наша
нема кантар, нема да ја мери.
Сега оди.

Соња Таировска Ѓурчак

27. 9. 2015 Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar