subota, 27. lipnja 2015.

ЗБОР НА ВРЕМЕТО

ЗБОР НА ВРЕМЕТО

Колку мисли има еден збор,колку километри до вистинскиот збор.
Дали го забележува некој зборот,има ли вистина или е само празнина.
Колку е блиско а сепак далеку земјата од зборот,татковината во кој е запишан овој збор.
Далечината на која само и подаваме рака и испракаме порака.
Каде бега сега еден збор од погледот од топлината на времетпо,се крие од светлината и мислата,се крие од секој патник кој патува со празен куфер во домот кој го сретна во животот.
А сега се враќа во судницата само со зборот и времето.
Животот кој минува како сон понесува само еден збор,еден збор а безброј чекори кој оставија трага од зборот.
Далечината е нај блиску до зборот и гради мостови,а во просторот летаат само птици преселници.
Не остварениот сон стои на патеката каде и започна да го мери времето.
Негде далеку овде или таму се поигрува и ветерот со зборот кој е оплоден со вистина и страв,трепери буква по буква и се губи во темнината на времето и зборот. Каде се крие тој вистински збор. Навидум сите го познаваме животот,а треба само еден збор,кои води до вистината и во рајот на убавината изкажана во збор.
Постои ли еднаквост за времето и зборот,ако се изкажува низ вистинскиот збор постои, безброј патеки водат во вистината,каде пливаат и лажните зборови,на кои векот им е краток.
Светот е одвоен,и мини низ отворена врата а зборот на времето,плива во океанот на лагите,каде нема обала.  Колку зборови треба да се напишат да се види вистината на животот да се научи од минатото за иднината или е само овој збор сега кој патува во времето,а времето е толку блиску до збор на времето.

Соња Таировска Ѓурчак

27.6.2015 улм  

Nema komentara:

Objavi komentar