srijeda, 8. srpnja 2015.

ИЗЧЕЗНА

ИЗЧЕЗНА

Таму некаде,
како изморен патник
од жештината на времето
скриен под воздухот.
Изчезна, како сенка
остана само болка,
а радост од минатото
и надеш на времето.
Молчам и подавам рака
кон вечноста
го будам мирисот на минатото
и надеж во времето.
Молчам и гледам
во наметка црна
и езеро кое мастило се стори.
Сега во длабочините на вистината
и прекрив на земјата
почива надежта
собрана во грст рака земја.

Соња Таировска Ѓурчак
8. 7. 2015 УЛМ


Nema komentara:

Objavi komentar