Додека ноќта се претвора во
ден,
темнината во светлина,
се дели минатото од сегашноста а вистината,
вистината се спојува со вистината.
Момент кој мами мирис на утринска роса
ги отвора портите на вечноста и тони
во длабочините на езерото.
Прамен од свилена коса,насмевка лажна,
допир студен,надеж за приказна нова,
звук кој се губи,збор кој не се повторува а бранови носи,
самовила со расплетени коси.
темнината во светлина,
се дели минатото од сегашноста а вистината,
вистината се спојува со вистината.
Момент кој мами мирис на утринска роса
ги отвора портите на вечноста и тони
во длабочините на езерото.
Прамен од свилена коса,насмевка лажна,
допир студен,надеж за приказна нова,
звук кој се губи,збор кој не се повторува а бранови носи,
самовила со расплетени коси.
Тага,болка, солза горка,пламен
оган гори,
и пак молитва Господ го моли.
и пак молитва Господ го моли.
Соња Таировска Ѓурчак
8.6.2015 УЛМ
Nema komentara:
Objavi komentar