ВРЕМЕ МИНА
Ах, колку време мина
во осаменост и скриена солза.
а душата моја болка
пак со песна слави.
Ах,колку време мина
и во сон минам често
во тоа мое родно место.
Ах,колку време мина
и пак на младост ќе се сетам
и во мојата родина шетам.
Ах,колку време мина
тајна неможам да скријам
чаша солзи горки пијам
сега идам,сакам дома да бидам.
Соња Таировска Ѓурчак
25. 4. 2015 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar