ГЛАС СЕ ШИРИ
И после несоница долга,
порта стара се отвора мајко,
Се цеди и сирење младо
од пролетни тревки
и шири мирис на цвет.
Глас аманет синот праќа
Мајко дома се враќа.
Во гради мајка аманет стега,
топла солза по лице бега.
Пак желба љубов се раѓа,
дворови празни нема да бидат
деца мој дома си идат.
Секој многу љубов има
на оваа земја што и припаѓа.
20. 4. 2015 Улм
Соња Таировска Ѓурчак
Nema komentara:
Objavi komentar