srijeda, 15. travnja 2015.

АФОРИЗМИ 105

Една убава насмевка,
не ја ограничува староста
него ја продолжува младоста.
***

Не трудисе да ги бараш
грешките кај другите,
си го одземаш времето
за сопствените да ги поправиш.
***

Многу зборови носат
убави пораки,
следиги и прифатиги.
***
Многу работи треба
да ги гледаме и со срцето
не само со очите.
***
И убавината на животот
се крие меѓу убавите зборови.
***
Животот е трендафил
кој има и трење.
***
Следија светлината,
почитуваја љубовта и добрината
во тоа е вистината на животот.
***
И времето денес зборува
дека постои надеж и љубов
во животот.
***
Секоја убава мисла
има и убав збор.

15. 4. 2015 Улм
Соња Таировска Ѓурчак

Nema komentara:

Objavi komentar