utorak, 23. rujna 2014.

УТРЕ СЕ БУДИ

УТРЕ СЕ БУДИ

Заминав во тишината
на лажните ветрови,
во мирисот на немирисливите цвеќиња
во прегратките на ладните времиња
во потрага на волнените облаци.

Заминав во љубовта на осаменоста
во морето на осамените  бранови.
Кај сонцето,
на врвот од планината,
а од далечината ги гали разиграните бранови
и го буди утре.

Соња Таировска Ѓурчак
23/09/2014 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar