МАЈЧИН ДОМ
Уште во срце те носам,
уште во тебе како дете
боса одам, спомен кријам
топла солза од лице мијам.
Мирис од дуња,диња
и лубеница зимска
мирис ми носат,сеќавања будат
со спомени стари идат.
Спомени во одаја уште топли
а пајак паежина плети
слики по зид сплети
и љубов вечна тука свети.
Sonja Tairovska Durcak
14-09-2014 ULM
Nema komentara:
Objavi komentar