Пролета го стопи снегот
пред прагот на камената куќа
од векот,
ипари пота од зимските чевли.
Сенки од сите четири страни
разиграни во круг песни редат
синџири тешки на место граници
прават
а на сенките времето им го
крадат.
Будно гледам,
во проткаени соништа
собрани во дипли,
стапките веке ги нема,
пред прагот на камената куќа.
Утре останува само еден празен
збор,
во реката пливаат ноти
а мирисот од цвеќината
се шити околу камената куќа.
Пеперутките ја галат разцветаната
бреза
на разцветениот прав
ветерот го промени правецот
и утре го буди.
Sonja Tairovska Durcak
Nema komentara:
Objavi komentar