СЕМЕ
Во волшебна градина
што љубов раѓа,
со мисла итам
градина сакам да китам.
Плод голем да се стори
и многу да се роди.
Волшебна градина
и семе
што љубов раѓа
во срце,душа
и прегратка топла паѓа.
Убава песна да се пее
и љубов жетва да се жнее.
Ова семе крај да нема
што љубов раѓа
сегде да се множи
и секоја градина плод да раѓа.
Nema komentara:
Objavi komentar