subota, 22. studenoga 2025.

ПОСЛЕДНАТА ЧАША ВОДА

 

ПОСЛЕДНАТА ЧАША ВОДА

Додека сонцето тивко се повлекуваше зад ридот, криејќи ја тишината на мојот живот, јас ги подавав рацете кон Бога — молејќи за прошка и за примање на еден дотраен, изморен, болен, речиси заборавен живот.

Тежината што ја носев не беше финансиска. Тоа беше онаа невидлива, најтешка тежина — тежината на љубовта која ја нема, на почитта што ја изгубивме, иако низ истите вени ни течеше истата крв, низ истата душа што ми плачеше, додека срцето ми се топеше од болка.

Кога вратата се отвори пред мојата одаја, во која непокретно лежев, веќе немав солзи. Гласот одамна ми се изгуби некаде во тишината на времето. Немав повеќе ниту зборови — а и да имав, не знаев на кого да ги кажам.

Тогаш твоите раце ми ја подадоа последната чаша вода. Да ми го освежи срцето за последен пат.

Да не дојдевте вие — сведоците на мојата тешка патнина, на мојата осамена душа што никој не ја разбра — ќе заминав во темнина. Наместо тоа, заминувам со светлина.

Пред да ја спакувам душата во последниот куфер од животот, сакам да ви се заблагодарам за сета ваша почит, за вашата вистинска, чиста и света љубов.

Ќе ја понесам и тагата од народот — да не именувам роднини — но знајте дека ова, денес, им се случува на милиони луѓе. А сето друго што го сметаме за важно, сите тие вини и сомнежи, остануваат тука. Некои дури се смеат, не знаејќи дека нивниот живот е изграден врз туѓа мака и пот.

Оваа последна чаша не беше полна само со вода. Таа беше полна со љубов — љубов благословена од Бога.

Јас го напоив моето срце за последен пат, а вие ја добивте најголемата Господова дарба: секогаш да бидете полни со Неговата чиста љубов, со радост во душата и со светата Божја сила во вас.

Со светлината — зашто со неа заминувам — ви ги испраќам моите последни зборови на голема благодарност.

А јас вечно ќе бидам со вас.
Вие ми бевте сè.

Вашата сакана,
ПАЦЕ

nedjelja, 2. studenoga 2025.

ЅВОНОТО ВО ДУШАТА

 

ЅВОНОТО ВО ДУШАТА

Ѕвоното кое далеку се слуша,
не е од камбаната,
туку од тишината на светлината.

Одекнува меко, 
како повик на духот
да се разбуди љубовта
благословена во твоето срце.

По патеката на осаменоста
тече светлина, ја мие болката
и ја претвора во мир.

Во полето на мислите
тишината цвета,
а секој татнеж станува молитва
што бара излез не надвор,
туку внатре
во просторот на душата,
каде времето се расплетува
во вечност.

Соња Таировска Ѓурчак

02. 11. 2025

 

petak, 31. listopada 2025.

МК /ДЕ

 

За твојот роденден, чедо мое,
кога радоста одекнува во најголемата тишина,
гласно, свето и благословено се шири низ времето и просторот.
Расти високо, кон небото,
додека сите птици пеат и ја следат твојата искрена и радосна душа —
душа што ја сакам бескрајно.

Среќен роденден, чедо мое!


 

Zum Geburtstag, mein Kind,
wenn die Freude in der größten Stille erklingt,
heilig und gesegnet laut durch Zeit und Raum sich ausbreitet.
Wachse hinauf, hoch zum Himmel,
während alle Vögel singen und deiner reinen, fröhlichen Seele folgen –
einer Seele, die ich unendlich liebe.

Alles Gute zum Geburtstag, mein Kind!

četvrtak, 30. listopada 2025.

МК


💗💗💗

Само една жена искрајно и безусловно сака тоа МАЈКА.

💗💗💗

Тежината не е тешка него нашата слабост е голема.

💗💗💗


utorak, 28. listopada 2025.

НАПУШТЕНО ОГНИШТЕ

 

НАПУШТЕНО ОГНИШТЕ

Патувам...
и силно ја чувствувам човечката расеана душа низ светот
како семе кое го понесоа олуите на општеството,
пишувајќи ги нотите
на последната симфонија на радоста.

А мајчините срца горат од жал по своите деца.
солзите се излеаја во морето на животот,
од силен плач по сите нив.

Една мајка силно и славно
го моли Бога:

„Боже мили, каде и да одат моите деца
чувај ги, чувај ги секогаш!“

А, мајчината душа, заспа пред олтарот
на животот, осамена и тажна,
полетувајќи во небото,
осветлуваќи ја патеката
на своите чеда што заминаа во светот.

Дали ќе се вратат?
Во домот...Каде уште тлее жарот
на напуштеното огниште.

Соња Таировска Ѓурчак

28.10.2025

nedjelja, 26. listopada 2025.

ДАРУВАМ ВРЕМЕ

 


ДАРУВАМ ВРЕМЕ

Дарувам време
не во часови и минути,
туку во мигови што светат во душата.

Дарувам време исполнето со радост,
со насмевки што не бледеат,
со моменти што отануваат спомени,
со љубов што не се мери,
туку само се чувствува.

Дарувам време за мир во срцето,
за сила во денот,
за светлина и кога е темно,
за надеж и кога тишината боли.

Дарувам време
да го пронајдеш своето “јас”,
да ги дофатиш ѕвездите,
да се родиш повторно во секој изгрев,
исполнета со љубов, со вера,со надеж,
и со благодарност.

Дарувам време време за среќен живот,
благословиго и Ти и подариго на некој друг.

Соња Таировска Ѓурчак

26.10 2025  Улм

 




petak, 24. listopada 2025.

ВО СЕ ИМА ПОЧЕТОК

          Пронајди се восебе

          Разбери ги  почетоците на земјата и на небото,

тогаш ќе почнеш да го разбираш и светот.
А во себеси,  ќе ја најдеш довербата.



Во сè има почеток

Во сè има почеток. Ништо не се раѓа без причина, ниту исчезнува без трага. Земјата, небото, морето и човекот, сите имаат своја прва искра, своја прва тишина од која се родиле. Кога ќе ги разбереш тие почетоци, ќе почнеш да го гледаш светот со други очи.

Ќе сфатиш дека ништо не е случајно. Дека дури и најмалиот здив, најтивкиот трепет на листот, има своја насока и смисла. Почетокот на земјата не е само приказна за камен и прав – тоа е приказна за трпението, за растењето, за постојаното враќање кон суштината. Почетокот на небото не е само простор над нас – тоа е длабочината во нас самите, местото каде што мислата се среќава со вечноста.

Кога ќе ги разбереш овие почетоци, ќе го разбереш и светот – не како хаос, туку како хармонија што постојано се создава. Ќе разбереш дека секој крај е само враќање кон нов почеток, и дека животот не се мери со она што си го изгубил, туку со тоа што си научил да прифатиш.

И тогаш, некаде длабоко во себе, ќе ја најдеш довербата. Не довербата во луѓето или во судбината, туку во самото постоење. Ќе научиш дека светот не мора да биде совршен за да биде убав, ниту ти мораш да бидеш сигурен за да продолжиш напред.

Зашто секое утро е нов почеток, секое дишење – потсетник дека уште сме тука, и дека светот сè уште чека да биде разбран.