četvrtak, 20. travnja 2023.

Продавам кука

 

Продавам Кука во село Извор /Велеско

Градена е куката 1975 реновирана 2022 

Куката е со два стана и работен простор,

или за било која друга употреба.

За пошироки информации на месинџер.

nedjelja, 16. travnja 2023.

ХРИСТОСТ ВОСКРЕСНА HRISTOST VOSKRESNA

 ХРИСТОС васкресе,да врвиме по светлината на ХРИСТА да ни бидат душите полни со љубов,срцата со милост,да растиме во висисината на ХРИСТОС .ХРИСТОСТ секогаш трон во нашиот живот.Вистина васкресе АМИН.

Зборот е жив,

кој е светлина на секој пат,

и денес нека ги осветли сите патеки

нека биди мевлен на болна рана,

нека небиди сабја која срце сечи...

petak, 7. travnja 2023.

МК

 💓💓💓

 

Еден е клуч што ја отклучува вистината.

💓💓💓 

Не е богаството во џепот

богаството е во умот и во добрата душа.

 💓💓💓

Сиромаштијата е буре без дно,

колку да даваш секогаш е празно и малку.

💓💓💓 

Животот е животна камера

што снимаш тоа гледаш и живееш.

 💓💓💓

По можност избегавај ги лошите работи,

што мислиш тоа се враќа,

доброто со добро се враќа

а, лошото со лошо.


Соња Таировска Ѓурчак

07.04.2023 Улм 

subota, 1. travnja 2023.

ВО СТАКЛЕНОТО НЕБО кн 11

 

ВО СТАКЛЕНОТО НЕБО

Пред затвореното небо бега мислата

во раскрилениот облак,

поминуваќи низ замагленото огледало

низ прстите и корените на Татковината.

Се надминуваат  благородите

во стакленото небо,преплетени

со космички изткаени приказни

од обоените градови со олуи

во народната психа и физика

каде се пишува и црта.

Го лажам времето со коцка чоколадо

од моето постоење,

и со многу други реченици 

со блесок во темнината на ноќта.

Остана само едно парче облак

каде небото плачи низ пукнатините на времето

плачи и дождот, кој е крадец на убавото време.

 

Соња Таировска Ѓурчак

01.04. 2023 Улм

 

 

 

ЧКРИПАТ СТАРИТЕ ДАБОВИ кн 11

 

ЧКРИПАТ СТАРИТЕ ДАБОВИ

Корнам, една ничкосана тревка

ја стискам во раците

да ја скријам од земјата

во попладневните часови на денот.

Чкрипат старите дабови

во глувотијата на шумата

и во темнината на  дланките.

Никнуваат нови покривки

во одајата на шумата.

Кога се стемнува и спокојно

заминува душата по должината

на старите дабови.

 

Соња Таировска Ѓурчак

01.04. 2023  Улм

 

petak, 31. ožujka 2023.

СОЛЗА ОД ОЧИТЕ НА МОЈАТА МАЈКА кн 11

 

СОЛЗИ ОД ОЧИТЕ НА МОЈАТА МАЈКА

Од очите на мојата мајка солзи

паѓаат како утринска роса.

Замолчувам, во тишината на времето

претураќи ги сознанијата едно во друго,

кое ме опиваат со твоите солзи.

Пред селската чешма, стојам и гледам

од очите на мојата мајка солзи

паѓа како  утринската роса.

Да можам да го вратам времето назат,

да потрчам босонога,

жедна за твојата прегратка.

Ја сонувам уште старата камена куќа

во  тишината на крај на селото.

Еден ден Мајко, ќе ги соберам сите патеки

кој се тркалаат пред моите стапки

ќе ги  соберам во колевката да ги сочувам

заедно со моето дество

и да ги избришам солзите твои.

Еден ден, да бидам пак она мало палаво твое дете.

Соња Таировска Ѓурчак

31.03.2023 Улм

četvrtak, 23. ožujka 2023.

ДОАЃАМ СО ПРОЛЕТА

 

ДОАЃАМ СО ПРОЛЕТА

 

Доаѓам со пролета, во светот на моите стапки

во слика што секогаш моите очи ја сакаат.

Стојам пред замагленото огледало

које во цветна магла го оцуртува мојот свет.

Доаѓам со пролета,

Стигнувам во прегратка на моето време

пред разрушената родителска куќа

камењата стркалани во времето,

а, стапалата згрчено ме болат.

Во кошницата на мојата душа ја спакував пролета

И поново стигнувам со првите пролетни цветови

На прагот во мојот пролетниот дом.

Соња Таировска Ѓурчак

23.03 2023  Улм